“Го гледам логото што го одбрал Бујар Османи за време на претседавањето со ОБСЕ.
Напишано е само на англиски “ОSCE North Macedoniа 2023”.
Погледнете ги логоата на државите (Австрија, Србија, Албанија, Словачка, Шведска, Украина…) кога тие претседавале со ОБСЕ. Скоро сите се на англиски и на јазикот на државата од која доаѓаат.
Но, логото под кое претседава Македонија е само на англиски јазик.
Го нема заштитениот, па дури и без фусноти македонски јазик кој нели ечеше низ Европа.
Како претседавач со ОБСЕ за годинава, во моменти на еднострани изјави на негирање и поткопување на македонскиот јазик, нели ќе беше попаметно министерот за надворешни да ја искористи можноста и во логото, покрај англискиот да го додадеше и македонскиот јазик како што тоа го правеле другите држави додека претседавале со ОБСЕ?
Зошто заедно со англискиот јазик, на рамноправна основа не е додаден и македонскиот јазик, односно е исфрлен македонскиот јазик од логото, должен е да одговори глумецот и лажниот “миротворец од Северна Македонија”.”
-фејсбук статус на пратеникот Драган Ковачки.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Објава за изгубен Родовник
Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности
Прв заменик-претседател Беким Сали се сретна со европратеникот Матеј Тонин во Брисел