Гитарата која е видлива од небото. Колку мегаломански тоа изгледа? Во оваа фотографија е содржана приказната за една голема љубов.
Во 60-тите години од минатиот век Педро Мартинез се врати од Европа во родната Аргентина. Тогаш имал 28 години и срцето му е заробено од убавината на Грациела која била на 17 години.. Се ожениле…
Таа ги сакала гитарите и идејата за садење дрвја во форма на овој музички инструмент била нејзина. Но, таа заминува на 25 години, без да го види нејзиниот сон исполнет…
Педро од љубов за преубавата Грациела одлучува нејзиниот сон да го направи реалност. Во период од 5 години тој насадил 7000 борови и еукалиптуси, со дијаметар од 15-25 см… Целата гитара од дрвја е во должина од 2500 метри и ширина од 400 метри.
Поминуваат години.. Дрвјата се пораснати.. Педро веќе не е меѓу нас.
Но, секој што лета над ова место и го гледа тоа што е создадено, ја знае приказната за оваа љубов. А можеби и неговата преубава и сакана Грациела ја гледа оваа гитара од небото?

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера