Во понеделникот беше објавена официјално листата на кандидати за советници од ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција за претстојните локални избори во Делчево.
Според профилот, возраста, искуството и изминатиот минат труд на кандидатите за советници на на заедничката листа ова е досега најсилната советничка листа која некогаш им била понудена на делчевчани да гласаат во рамки на локалните избори, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Застапеноста на вкупно 5 политички партии на добитните места во горниот дел од листата гарантира сигурен успех на изборите, со што граѓаните ќе ја испратат најсилната порака во каква општина сакаат да живеат во наредните 4 години.
Младоста, занењето, образованието, искуството и посветената и чесна работа е одлика на овие луѓе кои што со полн ентузијазам и личен кредибилитет се вклучуваат во претстојната предизборна кампања.
Од општинскиот изборен штаб на партијата најавуваат досега невидена позитивистичка кампања, со која ќе допрат до сите граѓани во општината, без разлика на нивната партиска определеност или било каква припадност.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево