Во врска со изборот на Македонската фудбалска легенда Горан Пандев за спортски директор на репрезентативните селекции, своја порака во јавноста како голем фан на фудбалот а особено фудбалските мајстории на Пандев упати пратеникот Драган Ковачки.
Тој недвосмислено смета дека изборот на Пандев на оваа функција ќе донесе нови успеси и гордост за македонските фудбалски фанови и целокупната нација.
“Честитки за Горан Пандев.
Изборот на Горан Пандев, како една од најголемите спортски легенди во Македонија, за спортски директор на репрезентативните селекции е голем чекор напред за македонскиот фудбал.
Неговото искуство, посветеност и победнички менталитет, како и неговото меѓународно влијание, ќе помогнат во унапредување на стратегијата и организацијата на сите македонски селекции.
Горан Пандев – за јакнење на македонскиот победнички дух и мотивација за новите генерации.
Убеден сум дека ова ќе донесе нови успеси и гордост за македонскиот спорт”
-напиша на социјалните мрежи Драган Ковачки по овој повод.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЗАСИЛЕНИ ИНСПЕКЦИСКИ КОНТРОЛИ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ!
БОЖИНОВСКА: ПОТРЕБНИ СЕ ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА ЖЕНИТЕ ВО КАРИЕРНИОТ РАЗВОЈ И ЛИДЕРСТВОТО
Во Скопје ќе се одржи првиот Филозофски фестивал за средношколци во Македонија