Во интерес на поголема транспарентност на институциите, а со цел на објективно информирање на граѓаните и целокупната заинтересирана јавност, од општина Кочани уште еднаш ги истакнува своите определби и посветеност за максимална заштита на животната средина, преку реализација на серија мерки и активности кои што се однесуваат на менаџирањето на градската депонија во Кочани.
Станува збор за сеопфатен систем за справување со настанатата ситуација во која градската депонија во Кочани со наметната одлука од владата на Зоран Заев во 2021 година со која градската депонија во Кочани требаше да го прибира комуналниот смет од неколку околни помали општини во рамки на процесот за затварање на депониите во источниот регион.
Од Општина Кочани ја истакнуваат својата јасна и недвосмислена определба за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, при што ги истакнуваат превземените конкретни мерки во таа насока:
“Во интерес на заштитата на животната средина и за подобрување на условите за живот на граѓаните, Општина Кочани останува на заложбата за реализација на проектот за воспоставување регионален систем за управување со депониите во Источниот Плански Регион, со крајна цел – изградба на депонија во Свети Николе, а со тоа и конечно затворање на депонијата во Кочани.
Во таа насока, изминатиов период:
– Формирано е Надзорно тело за вршење мониторинг и давање поддршка при реализација на Програмата за јавна чистота и третман на отпад;
– Преземени се чекори за утврдување надомест за одлагањето на отпадот од соседните општини;
– Упатено е барање до Министерството за животна средина за финансиска поддршка во одржувањето на депонијата, со избор на економски оператор и поддршка со механизација;
– Во тек е јавна набавка од страна на Општина Кочани за избор на економски оператор за редовно одржување на депонијата;
– Воспоставена е интензивна соработка со МВР. КЈП „Водовод“ добива континуирана поддршка во контролирањето на пристапот до депонијата и се преземаат активности против лица кои изминатата седмица неовластено влегуваа во Градската депонија;
– Во согласност со европскиот проект, Министерството за животна средина поднесе урбанистичко-проектна документација за издавање одобрение за затворање на Градската депонија во Кочани.
Покрај тоа, со поставената стражарска служба и со видеонадзорот се врши континуирана контрола на возилата и на начинот на кој се депонира отпадот на Градската депонија.
Со механизација на операторот за одржување на Градската депонија и со механизацијата со која располага КЈП „Водовод“, се врши редовен дотур на земја која правилно се распоредува по површината на депонијата со што се создаваат услови за примање на новопристигнатиот отпад.Сите овие аргументи, заедно со претходно извршениот природен третман на депонијата против запалување, се основа за водење на активностите во правец на реализација на крајните цели на проектот за воспоставување отпад – затворање на депонијата во Кочани и изградба на регионална депонија во Мечкувеци.”
-стои во известувањето на Општина Кочани во врска со постапувањето и превземените мерки за подобрување на состојбите околу градската депонија во Колаби, упатено до јавноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга