Драган Ковачки- Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска со свој коментар на социјалните мрежи упати јавна критика до актуелната власт за начинот на кој ги троши народните пари од Буџетот.
Тој кај користењето на службени ресурси од страна на Министерот за правда и претседателот на суд за свои лични потреби за време на фудбалскиот натпревар кој го играше Македонската репрезентација во Италија, ги лоцираше аномалиите на актуелната власт која гледано низ овој пример ги покажува своите вистински намери за живот со огромни привилегии, наспроти голата егзистенција на мнозинството граѓани во Македонија.
“Виш јавен обвинител, Министер за правда и претседател на Суд.
Сите на едно место, со гратис карти и гратис лет до Палермо. Па уште откако се крена темата во јавноста, извршиле уплата и ја лажат јавноста дека секако планирале да платат. (?!)
И наместо Министерот да си поднесе оставка затоа што ја лаже македонската јавност, тој денеска заедно со претседателката на антикорупциска, држи предавање на тема борба со корупција. Овие ќе не’ носеле во Европа.
-искоментира Драган Ковачки- пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Македонското собрание.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција