Репрезентациите на Македонија и Исланд ги поделија бодовите 24-24 (10-11) во четвртата рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.
Средбата на двете најквалитетни селекции во групата, понуди нова драма, а овој пат посреќна излезе гостинската селекција која со гол во последниот напад обезбеди бод.
Македонија останува лидер во групата 3 со бод повеќе од Исланд.
Избраниците на Данило Брестовац во последните два натпревари од квалификациите ќе се сретнат со Турција во гости и со Грција на домашен терен.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Вози одговорно- патувај безбедно“, „Користи зимска опрема“ и „Паркирај совесно“, превентивни активности на СВР Штип и СВР Тетово
Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост
БОЖИНОВСКА: 2025 – ГОДИНА НА РЕД, СТАБИЛНОСТ, РАЗВОЈ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА