БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дурловски: Г-дине Димитров, ја распродадовте државата, националните интереси, се што е свето, под изговор дека не чека блескава иднина! Каде е сега таа иднина?

Пренеси го гласот

Игор Дурловски денеска со свој фејсбук статус се обрати кон Министерот за надворешни работи Никола Димитров. Ваквата реакција следува по најавите за наметнување на нови барања од страна на Европската комисија под диктат на соседна Бугарија за бришење на Македонскиот јазик, постоењето на Македонскиот народ во соседните земји и промена на историјата со присвојување на националниот херој Гоце Делчев од страна на Бугарија, како услов за почнување на преговорите за членство на Македонија во Унијата.

Во продолжение го пренесуваме коментарот на Игор Дурловски упатен кон Никола Димитров:

“Господине Димитров, партијата на која не сакате да и го изговорите името го изгради целото ваше професионално портфолио, барем она со кое објективно, колку толку, можете да се пофалите, како Амбасадор во САД, во Холандија..Но, вашите апетити беа поголеми.Да, станавте министер за надворешни работи, но по пат изгубивте се останато.
Ја распродадовте државата, националните интереси, се што е свето, под изговор дека не чека блескава иднина! Каде е сега таа иднина? Каде е заокружениот датум за преговори? Вие не ги решивте горливите прашања, со сите договори кои ги потпишавте, генериравте катастрофални последици, со кои ке се соочуваат и генерациите по нас.
Најголемиот срам за еден човек е да не се срами од сопствените грешки.”

Креирано од:


Пренеси го гласот