БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ќе се одржи првата прес конференција за јавна презентација на проектот „Интернет суперхерои“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Регионалниот центар за застапување – Делчево во рамки на проектот „Интернет Суперхерои“, кој го имплементира во соработка со Фондацијата Метаморфозис и Еуротинк, а финансиран од Европската Унија, на 13-ти ноември (среда) со почеток во 11 часот во ОУ „Ванчо Прке“ – Делчево ќе ја одржи првата прес конференција за јавна презентација на проектот.

Конференцијата е наменета и отворена за сите заинтересирани граѓани, ученици, просветни и медиумски работници кои сакаат да се вклучат во заедничкото работење за зголемување на свеста за медиумската писменост и справувањето со лажни вести. Говорници на настанот ќе бидат координаторот на проектот, претседателот на здружението – имплементатор и претставник на медиумскиот партнер, Телевизија Стар. Присутните ќе имаат можност и за дискусија и коментари по однос на темата.

Целта на овој настан е да се постигнат поголема видливост  и препознатливост на проектот во регионот, а истиот се спроведува во рамки на деновите за медиумска писменост кои ги организира донаторот во повќе градови низ државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-интегрално соопштение на Регионалниот центар за застапување Делчево упатено до медиумите.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace