Претседателот на Општинскиот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци, Виктор Паунов денес на прес конференција од партискиот штаб го критикуваше отчетот на Градоначалникот на Карбинци Јордан Насев.
Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата прес конференција:
“Локалната власт предводена од сдсм и градоначалникот Јордан Насев го дадоа отчетот за 2 год владеење и го признаа пустошот што го оставија позади себе.
Најостро го демантирам кажаното од страна на градоначалникот и го коментирам како безобразна реакција за нивната неспособност!
Се пофалија со реализација на повеќе од половина на нивната програма. Ако половина од програмата е поставување на 3 рефлектори и вработување на фамилијата тогаш сте на ,,Прав Пат” но правиот пат завршува во слепа улица! За 2 години немате реализирано буквално ништо, се китите со туѓи перја се фалите со проекти кои пред 2 години не ги признававте а сега велите дека сте ги направиле.
Вашето иронично обраќање ќе изнуди огромен гнев кај граѓаните а најмногу кај оние кои верувале во вас и го дале гласот за вас а сега се видно разочарани.
Пазарот во Карбинци е проект започнат и завршен на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не успеавте ниту да го ставите во функција.
Домот на културата во Таринци каде што го користите за да држите говори и да манипулирате е исто така проек на претходната власт. Дали не ги измамивте жителите во Нов Караорман и населбата ,,Ванчо Прке” во врска со социјалните станови? Вие немате ништо изградено, немате шајка заковано во ниту едно село, очигледно оваа способност ја црпите од вашиот ментор Зоран Заев. Потврдата за сите овие лаги ќе ја добиете од граѓаните на следните предвремени избори на 12 април. “
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
27 годишен жител на Македонска Каменица осомничен дека ширел расистички и ксенофобичен материјал на интернет
Пак Делчево во билтенот на МВР: Кривична заработи директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево
Три кучиња во село Цера нападнале брат на сопственичката на кучињата која заработи кривична пријава