• Насловна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Забава
  • Глас од истокот
  • македонски јазик
  • English
  • Log in
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Насловна
    Кирил Ковчегарски: НАМЕСТО КОЛУМНА (СЕКОЕ ЗЛО ЗА ДОБРО!)

    Кирил Ковчегарски: НАМЕСТО КОЛУМНА (СЕКОЕ ЗЛО ЗА ДОБРО!)

    Како "Дикембе Мутомбо" ја блокираше Баба Перса под кошот на Зоран Заев

    Како "Дикембе Мутомбо" ја блокираше Баба Перса под кошот на Зоран Заев

    Тест со едноставни прашања кои ќе ви откријат колку сте блиски со партнерот

    Тест со едноставни прашања кои ќе ви откријат колку сте блиски со партнерот

    Запознајте го Рекси - мачорот кој може да покажува најразлични емоции и трикови со јазик

    Запознајте го Рекси - мачорот кој може да покажува најразлични емоции и трикови со јазик

  • Регион
    Јавен повик за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација

    Јавен повик за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација

    Протест на жителите на Карбинци пред општинската зграда

    Протест на жителите на Карбинци пред општинската зграда

    Општина Делчево оствари соработка со 11 општини од Косово

    Општина Делчево оствари соработка со 11 општини од Косово

    СДСМ во Советот во Општина Штип крши деловник и ја нарушува процедурата за носење одлуки, алармира Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ

    СДСМ во Советот во Општина Штип крши деловник и ја нарушува процедурата за носење одлуки, алармира Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ

  • Македонија
    Најдобрите денови и времиња за Македонија и граѓаните на Македонија допрва доаѓаат

    Најдобрите денови и времиња за Македонија и граѓаните на Македонија допрва доаѓаат

    Наместо 9.2 милиони евра, Нина и Зоран ја задолжија државата за 24 милиони евра. Не се кажува за што ќе бидат искористени овие пари

    Наместо 9.2 милиони евра, Нина и Зоран ја задолжија државата за 24 милиони евра. Не се кажува за што ќе бидат искористени овие пари

    Случајот "Глобал" за кој што беше аболициран Зоран Заев- причина за повлекување на иницијативата за толкување на Членот 11 на Законот за помилување од страна на СДСМ

    Случајот "Глобал" за кој што беше аболициран Зоран Заев- причина за повлекување на иницијативата за толкување на Членот 11 на Законот за помилување од страна на СДСМ

    Прегратка која топи од љубов - погледнете го ова видео кое ќе ви го разубави денот

    Прегратка која топи од љубов - погледнете го ова видео кое ќе ви го разубави денот

  • Свет
    Хорор во Грција - Двeгодишно дeтe задyшено во фиokа од кpeвет

    Хорор во Грција - Двeгодишно дeтe задyшено во фиokа од кpeвет

    1183 објекти уништени во катастрофалниот земјотрес во Албанија

    1183 објекти уништени во катастрофалниот земјотрес во Албанија

    САД го ратификуваа протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

    САД го ратификуваа протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

    Нови земјотреси во Албанија - Тлото сеуште нема намера да се смири

    Нови земјотреси во Албанија - Тлото сеуште нема намера да се смири

  • Магазин
    Тест со едноставни прашања кои ќе ви откријат колку сте блиски со партнерот

    Тест со едноставни прашања кои ќе ви откријат колку сте блиски со партнерот

    Запознајте го Рекси - мачорот кој може да покажува најразлични емоции и трикови со јазик

    Запознајте го Рекси - мачорот кој може да покажува најразлични емоции и трикови со јазик

    Поучна приказна - Не постои брз и лесен успех преку ноќ

    Поучна приказна - Не постои брз и лесен успех преку ноќ

    Мистер Бин како што досега не сте можеле да го замислите

    Мистер Бин како што досега не сте можеле да го замислите

  • Забава
    Ареа повторно на сцена! Слушнете го нивниот најнов хит „Те спомнувам“

    Ареа повторно на сцена! Слушнете го нивниот најнов хит „Те спомнувам“

    Били Ајлиш - Девојката која ги "полуде" тинејџерите ширум светот

    Били Ајлиш - Девојката која ги "полуде" тинејџерите ширум светот

    Погледнете ја листата од 10-те најдобри филмови кои доаѓаат на Нетфликс во декември 2019 година

    Погледнете ја листата од 10-те најдобри филмови кои доаѓаат на Нетфликс во декември 2019 година

    Secret Garden - Музика која лекува со посебна магија

    Secret Garden - Музика која лекува со посебна магија

  • Глас од истокот
    Кирил Ковчегарски: НАМЕСТО КОЛУМНА (СЕКОЕ ЗЛО ЗА ДОБРО!)

    Кирил Ковчегарски: НАМЕСТО КОЛУМНА (СЕКОЕ ЗЛО ЗА ДОБРО!)

    Циркусот на "Фата и Ката" замина од градот, се отвара ново кино "Филма-продакшн"

    Циркусот на "Фата и Ката" замина од градот, се отвара ново кино "Филма-продакшн"

    Во среда со Гоце: Софија

    Во среда со Гоце: Софија

    Гоце Марков: Говор за Честа и за Чаламот

    Гоце Марков: Говор за Честа и за Чаламот

  • македонски јазик
  • English
коментари Share
You are reading
Прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево: Заевизмот станал заразен, па наголемо се пресликал во ликот и делото на Горан Трајковски
loading...
Насловна
Регион

Прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево: Заевизмот станал заразен, па наголемо се пресликал во ликот и делото на Горан Трајковски

ноември 11th, 2019 admin Регион, Топ вести коментари 706
Прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево: Заевизмот станал заразен, па наголемо се пресликал во ликот и делото на Горан Трајковски

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, Горанчо Тодоровски на прес конференција објавена денеска на нивната фејсбук страна, го прозва Горан Трајковски за сите ветени а нереализирани проекти од неговата предизборна програма со која ја доби довербата од граѓаните пред две години на локалните избори во 2017 година.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата прес конференција:

Почитувани сограѓани,

Две години локална власт на СДСМ и Горан Трајковски во Делчево и повеќе од 2 ипол години централната власт на СДСМ. Две години неработење, лаги и манипулации, стагнација па дури и назадување, две години остварување на лични, семејни и партиски интереси.

Лагите и манипулациите на челниците на локалната власт од СДСМ во Делчево еволуираа во патетика, безобразие и загубен контакт со реалноста.

Ова е моменталната фаза од Заевизмот во кој што е заробена Република Македонија и нашето Делчево.

Отчетот за „сработеното“ на локалната власт во изминатите две години е составен од три категории на проекти: проекти започнати од претходната власт, проекти реализирани од актуелната централна власт и проекти кои ЌЕ се реализираат во иднина.

Фалбите и присвојувањето на туѓи проекти, препишувајќи ги како свои е единствениот успех на актуелната локална власт. А како што се неспособни и тоа го прават на само за нив карактеристичен аматерски начин.

1 – Филтер станицата на брана Лошана – проект започнат уште во 2011 година, на чија што имплементација е работено 7 години пред помпезното потпишување на Договорот за обезбедување на финансиската конструкција за конечна изградба на самата филтер станица.

2 – Веќе две години како градоначалникот Трајковски се фали и со проектот за современ градски пазар. Иако наследи техничка документација од претходно, тој повторно реши да потроши огромна сума на пари за изработка на нов проект, за задоволување на лични хирови. Истовремено, после две години, камен на камен не е ставено на локацијата каде треба да се гради пазарот. Локација која денес е најголемата дива депонија во централното градско подрачје во Делчево.

3 – Пешачкиот мост на река Брегалница е исто така проект инициран и развиен од страна на претходните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Со изработена техничка документација и потпишан Договор за обезбедување на финансиски средства од страна на претходниот градоначалник, Горан Трајковски упорно и патетично во стилот на неговиот шеф Зоран Заев, си ги препишува сите заслуги за себе, во врска со овој проект.

Иако градоначалникот Трајковски пред изборите вети дека мостот ќе биде готов во 2018 година, после две години, одлагањето и неспособноста на актуелната локална власт во врска со овој проект овозможува граѓаните да не можат да го користат овој мост, кој само како споменик стои над река Брегалница.

4 – Истото се случува и со проектот за изградба на градска капела, каде од страна на претходниот градоначалник беше изработена урбанистичка документација и обезбедени дел од средствата за изградба, преку МСИП-проектот. И повторно тука е Горан Трајковски да го уназади проектот, кој после две години се уште ја нема започнато изградбата, иако рок за изградба на капелата во неговата предизборна програма е 2018 година.

5 – Реконструкцијата на улиците Светозар Марковиќ, Питу Гули и Маршал Тито чија што имплементација започна уште во 2016 година и други проекти започнати од претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот градоначалник, исто така без најмалку срам, си ги препишува за свои.

6 – Аматеризмот, непрофесионалноста и непознавањето на материјата доаѓаат до целосен израз и во преден план со фалбите на градоначалникот Трајковски во врска со т.н. реконструкција на дел од Булеварот Македонија. Прво поради немањето на никаква надлежност на Градоначалникот во однос на имплементацијата на овој проект, а второ затоа што во брзање да се постигне популистички ефект се направи огромна инвестиција во асфалт, без притоа претходно да се подобри тлото на потребните делници од оваа важна сообраќајница и да се реконструираат тротоарите заедно со бетонските рабници кои се во катастрофална состојба, а чија што идна реконструкција подразбира уништување на поставениот нов асфалт. Кој во блиска иднина ќе сноси одговорност за непрофесионалното и нестручно постапување во врска со овој проект? Дали тогаш Горан Трајковски ќе го впери прстот во Јавното претпријатие за државни патишта кое што е надлежно и со чиј што проект моментално се фали г-динот Градоначалник?

Со исклучок на овој проект кој што не е во надлежност на Горан Трајковски, и проектите на претходните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои што Трајковски си ги препишува за свои, Градоначалникот во изминатите две години има изградено нешто повеќе од 1 километар улици, што е вистинската слика за неговиот аматеризам и неспособност.

И за пародијата да биде целосна, Горан Трајковски за крај на својот т.н. Отчет – за она што го сработил, ПОВТОРНО најавува “ЌЕ” проекти – нешто што наводно ЌЕ го сработел….

Па така првиот човек на општината зборува за решени проблеми, без притоа да каже кои се тие проблеми кои што тој ги решил. Зборува за невидливи инфраструктурни проекти во неговиот т.н. Отчет во износ од 120 милиони денари, кои ЌЕ почнеле да се реализираат во наредниот период.

Повторувам, Градоначалникот на Општина Делчево во својот Отчет зборува за нешто што ЌЕ го реализира во иднина. Граѓаните да не го знаат овој човек би се насмеале на ваквите негови искази, но ситуацијата е далеку од смешна.

А ветуваа многу. Ветуваа се и сешто. Наместо реални и остварливи, дадоа лажни ветувања кои не се во состојба да ги остварат. Им беше поважно со лажење и манипулирање да ја освојат власта. Лажеа и ветуваа живот, за да сменат име на држава, за лични богатења, матни бизниси, и затоа многу брзо ќе си ја добијат заслужената казна.

Да се потсетиме што се ветија во нивната предизборна програма во 2017 година и колку остварија за овие 2 години локална власт и повеќе од 2 ипол години централна власт.

  • ВЕТИЈА ЧИСТА ВОДА И ЧИСТ ВОЗДУХ, ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ

– Каде се подобрени услугите во комуналниот сектор и здравата животна средина? Дали на тоа мислеа кога ја поскапеа цената на водата за пиење и кога секојдневно ние граѓаните го чувствувавме загадениот воздух и се труевме од отровните гасови од градската депонија која постојано гори?!

-Каде се ветените нови контејнери и канти за селекција на отпад, како и новите камиони за собирање на истиот? Единствено што направија е тоа што директорот на ЈКП Брегалница ненаменски потроши милиони денари на редовните плаќачи за набавка на несоодветна механизација, набавена под сомнителни тендери, и потрошени огромни суми на пари за репрезентации во делчевските кафеани.

– ВЕТИЈА ОТВОРЕНА И УСЛУЖНА ОПШТИНА ЗА СИТЕ

Наместо тоа, добивме партизирана администрација и пресметување со политичките неистомисленици. Служби, посебно во делот на градежниот и комуналниот инспекторатот, кои не смеат да излезат на терен. Во такви услови во градот на секој чекор никнуваат дивоградби, а во околината на градот диви депонии.

– ВЕТИЈА ДОИЗГРАДБА И ДОУРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА и тоа на потегот од Хотел „Македонија“ до мостот на р.Брегалница на ул.„Индустриска“ и од црквата „Св.Кирил и Методиј“ до СРЦ „Пијанец“ (градски стадион, градски базен) со рок на реализација 2018 година, НЕРЕАЛИЗИРАНО.

– ВЕТИЈА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МОСТОТ НА УЛ.ИНДУСТРИСКА, рок на реализација 2018 година, НЕРЕАЛИЗИРАНО.

– ВЕТИЈА ЦЕЛОСНА ЗАМЕНА НА АЗБЕСТНО – ЦЕМЕНТНИ ЦЕВКИ СО ПВЦ, рок на реализација 2018 – 2020 година. На крајот од 2019 година сме, НЕРЕАЛИЗИРАНО.

– ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА ПАТОТ ДЕЛЧЕВО – ЦРНА СКАЛА, рок на реализација 2019-2021 година. Имајќи во предвид дека во оваа 2019 година е реализирано 0% од овој проект, можеме да претпоставиме колку ќе се реализира до крајот на 2021 година.

– ВЕТИЈА НАБАВКА НА НОВО СОВРЕМЕНО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ТППЕ, рок на реализација 2019 година. Наместо тоа приоритет на градоначалникот му беше да издвои средства за непродуктивни вработувања на партиски членови на СДСМ, блиски роднини и другари, за сметка на обновувањето на возниот парк на противпожарната единица, која многу наскоро ќе дојде во ситуација да носи вода во канти за да локализира некој пожар. НЕРЕАЛИЗИРАНО – ИМААТ УШТЕ ЦЕЛ МЕСЕЦ ЗА ДА ГО РЕАЛИЗИРААТ ОВА ВЕТУВАЊЕ.

– ВЕТИЈА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРИФАТИЛИШТЕТО ЗА БЕЗДОМНИЦИ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО, рок на реализација до 2019 година, НЕРЕАЛИЗИРАНО.

– ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА НОВИ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИТЕ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ И НИВНО ОПРЕМУВАЊЕ, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА, нереализирано досега.

– ЗА ДЕЦАТА – ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА ДЕТСКИ ЗАБАВНИ ПАРКОВИ И ИГРАЛИШТА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ (ПРВИ, ВТОРИ И ТРЕТИ РЕОН), нереализирано досега, не е изграден ниту еден парк или игралиште.

– ЗА УЧЕНИЦИТЕ – ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА НОВИ И РЕКОНСТРУКЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ ИГРАЛИШТА, досега не е изградено ниту едно ново, а и веќе изградените се наоѓаат во многу лоша состојба, бидејќи не се одржуваат.

– ЗА МЛАДИТЕ – ВЕТИЈА ОСПОСОБУВАЊЕ НА СПОРТСКАТА САЛА ВО СРЦ ДЕЛЧЕВО И НЕЈЗИНО СТАВАЊЕ ВО УПОТРЕБА, КАКО И ИЗГРАДБА НА ПЕШАЧКИ, ВЕЛОСИПЕДСКИ И СКЕЈТ ПАТЕКИ, нереализирано досега.

– ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – ВЕТИЈА ОСПОСОБУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНАТА (ЗАДРУЖНИ ДОМОВИ И СЛ) ЗА ПЕНЗИОНЕРСКИ КАТЧИЊА КАДЕ ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ СЕ ДРУЖАТ, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА И КАНАЛИЗАЦИСКИ ЛИНИИ ВО ПОВЕЌЕ ГРАДСКИ РЕОНИ, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПРОШИРУВАЊЕ НА МОСТОТ ПРЕД ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА И ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАШТИТНА ОГРАДА, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКАТА САЛА ВО ООУ „ВАНЧО ПРЌЕ“, нереализирано досега.

Не заборавија да ветат и во селата.

– ВЕТИЈА ДОУРЕДУВАЊЕ НА АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ТВРДИНА ВО С.ГРАД, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА ПАТОТ ДО ЛОКАЛИТЕТОТ СВЕТИТЕ ВОДИ ВО С.ТРАБОТИВИШТЕ, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОМЕН-ДОМ „РАЗЛОВЕЧКО ВОСТАНИЕ“ ВО С.РАЗЛОВЦИ, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА ОТВОРАЊЕ НА КУЈНА ЗА СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА ВО С.РАЗЛОВЦИ, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА СКОРО ВО СИТЕ СЕЛА – УРЕДУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ЕНДЕЦИ, ВОДОТЕЦИ, ВАДИ И ЈАЗОВИ, УРЕДУВАЊЕ НА СЕЛСКИ ЧЕШМИ, ИЗГРАДБА НА ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА, ИЗГРАДБА ИЛИ ДОВРШУВАЊЕ НА КАНАЛИЗАЦИИ, РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕЛСКИТЕ ВОДОВОДИ, ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ, РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ, и многу други проекти, кои или воопшто не се реализирани или во многу мал процент.

Со тоа слободно можеме да констатираме дека ПРАВИОТ ПАТ на Горан Трајковски и Зоран Заев во Делчево е поплочен со многу, многу „ЌЕ” проекти, кои во реалноста остануваат само бездушни лаги…

Тоа впрочем е она што и во изминатиот период СДСМ најдобро знае да го прави.

Очигледно Заевизмот станал заразен, па наголемо се пресликал во ликот и делото на Горан Трајковски.

И секако, не смееме да го заборавиме ликот и делото на нашиот пратеник во Собранието на Република Македонија, почитуваната г-ѓа Мира Стојчевска, која многу придонесе за афирмација на нашата општина во државата и пошироко, преку брендирањето на нејзиниот модел на вработување на своите најблиски роднини познат како „Мира Дизел вработувања“, како и преку директните инвестициите кои истата ги вбризгува во делчевската економија, на име патни трошоци за патување до и од нејзиното работно место. Во нешто и ние да бидеме први!

Токму поради ваквите “ЌЕ-политики” и тупкањето по рамо, Делчево е на работ на егзодус на своите жители. Како општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе ги претставиме сите неуспеси и ќе ги разобличиме сите лаги на Горан Трајковски и СДСМ во Делчево, затоа што животот во Делчево стана пекол за граѓаните кои беа излажани од Горан Трајковски и партиската ергела на СДСМ.

Господине Трајковски, времето на брутален непотизам и окупирање на локалните институции со неспособни ваши роднини и партиски кадри завршува!

Цицањето на парите на граѓаните за непродуктивни плати и надоместоци за вашите партиски послушници е пред крај!

Доста беа лаги, доста беа манипулации. Вие сте на прав пат да си заминете од вашите фотељи, а граѓаните се на прав пат да добијат нова власт, власт која ќе се грижи за нив и која ќе ги решава нивните проблеми.

Доаѓа време кога Делчево ќе стане град во кој жителите ќе се гордеат да живеат овде.

Доаѓа Обнова на Македонија, Обнова на Делчево!

Тоа ќе се случи најпрво на предвремените парламентарни избори во април 2020 година, а потоа ќе продолжи и на следните локални избори.

Ви благодарам!

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Малку пореална пресметка на месечен семеен трошок од онаа на Мила Царовска
Следна објава ПРЕС НА ВМРО-ДПМНЕ ОК КАРБИНЦИ ПО ПОВОД ОТЧЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАСЕВ
admin

admin

Може да Ве интересира:
Кирил Ковчегарски: НАМЕСТО КОЛУМНА (СЕКОЕ ЗЛО ЗА ДОБРО!)
Глас од истокот

Кирил Ковчегарски: НАМЕСТО КОЛУМНА (СЕКОЕ ЗЛО ЗА ДОБРО!)

декември 6th, 2019 62
Како "Дикембе Мутомбо" ја блокираше Баба Перса под кошот на Зоран Заев
Матна Брегалница

Како "Дикембе Мутомбо" ја блокираше Баба Перса под кошот на Зоран Заев

декември 6th, 2019 335
Златко Марин пушта во употреба лифт во основно школо, донација од САД-Амбасада.
Матна Брегалница

Златко Марин пушта во употреба лифт во основно школо, донација од САД-Амбасада.

декември 6th, 2019 122
Најдобрите денови и времиња за Македонија и граѓаните на Македонија допрва доаѓаат
Македонија

Најдобрите денови и времиња за Македонија и граѓаните на Македонија допрва доаѓаат

декември 5th, 2019 25
Наместо 9.2 милиони евра, Нина и Зоран ја задолжија државата за 24 милиони евра. Не се кажува за што ќе бидат искористени овие пари
Македонија

Наместо 9.2 милиони евра, Нина и Зоран ја задолжија државата за 24 милиони евра. Не се кажува за што ќе бидат искористени овие пари

декември 5th, 2019 36
Случајот "Глобал" за кој што беше аболициран Зоран Заев- причина за повлекување на иницијативата за толкување на Членот 11 на Законот за помилување од страна на СДСМ
Македонија

Случајот "Глобал" за кој што беше аболициран Зоран Заев- причина за повлекување на иницијативата за толкување на Членот 11 на Законот за помилување од страна на СДСМ

декември 5th, 2019 30
Убавината на маалската семејна продавница наспроти студенилото и трката по профит на големите синџири на маркети
Магазин

Убавината на маалската семејна продавница наспроти студенилото и трката по профит на големите синџири на маркети

декември 5th, 2019 23
Македонија веќе не се споредува со Словенија и Австрија туку со Косово
Македонија

Македонија веќе не се споредува со Словенија и Австрија туку со Косово

декември 5th, 2019 42
Јавен повик за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација
Институции

Јавен повик за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација

декември 4th, 2019 39
Facebook Comments
Жена на денот
Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

649
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

363
Најнови објави
Дек 6th 11:39 AM
Глас од истокот

Кирил Ковчегарски: НАМЕСТО КОЛУМНА (СЕКОЕ ЗЛО ЗА ДОБРО!)

Дек 6th 11:07 AM
Матна Брегалница

Како “Дикембе Мутомбо” ја блокираше Баба Перса под кошот на Зоран Заев

Дек 6th 9:55 AM
Магазин

Тест со едноставни прашања кои ќе ви откријат колку сте блиски со партнерот

Дек 6th 9:49 AM
Магазин

Запознајте го Рекси – мачорот кој може да покажува најразлични емоции и трикови со јазик

Дек 6th 9:32 AM
Магазин

Поучна приказна – Не постои брз и лесен успех преку ноќ

Дек 6th 9:25 AM
Забава

Ареа повторно на сцена! Слушнете го нивниот најнов хит „Те спомнувам“

Дек 6th 9:13 AM
Магазин

Мистер Бин како што досега не сте можеле да го замислите

Дек 6th 8:36 AM
Матна Брегалница

Златко Марин пушта во употреба лифт во основно школо, донација од САД-Амбасада.

Дек 5th 9:46 PM
Македонија

Најдобрите денови и времиња за Македонија и граѓаните на Македонија допрва доаѓаат

Дек 5th 5:17 PM
Македонија

Наместо 9.2 милиони евра, Нина и Зоран ја задолжија државата за 24 милиони евра. Не се кажува за што ќе бидат искористени овие пари

Набери здравје
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Мајкл Џордан отвори клиника за пациенти без здравствено осигурување
Магазин

Мајкл Џордан отвори клиника за пациенти без здравствено осигурување

Ное 29th, 2019 1810
Граѓаните на Делчево сакаат Обнова за Македонија: Единствената фабрика што ја отворија властите е фабриката за лаги на Илинденска
Регион

Граѓаните на Делчево сакаат Обнова за Македонија: Единствената фабрика што ја отворија властите е фабриката за лаги на Илинденска

Ное 30th, 2019778
Кај е сега Бујар Османи да направи обиколка за да види како се имплементира законот за знамињата?
Матна Брегалница

Кај е сега Бујар Османи да направи обиколка за да види како се имплементира законот за знамињата?

Ное 28th, 2019746
Хирургот кој сам себе се оперирал
Магазин

Хирургот кој сам себе се оперирал

Ное 29th, 2019455
Вознемирувачко видео: Жена му го сече гркланот на непознат маж во Тако Бел
Свет

Вознемирувачко видео: Жена му го сече гркланот на непознат маж во Тако Бел

Дек 1st, 2019399
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
64634988 345874636089122 8819467277909884928 n
31-12-2017-1514717791
graduates2018-8
Monica Bellucci 112
Jason Statham 06
graduates2018-2
Creative-Photo-Ideas-for-Real-Daredevils-8
Monica Bellucci 70
37513820652 995e6ae86d o
Priorix SPC Apr 2018- Zbiren izveshtaj Page 07
al pacino 50
DSC_0053_resize_resize
Monica Bellucci 52
Burning Man participants bicycle through a desert dust storm on the 3rd day of the annual Burning Man festival in the Black Rock Desert of Nevada
A marionette walks across the playa before The Temple burn as approximately 70,000 people from all over the world gathered for the annual Burning Man arts and music festival in the Black Rock Desert of Nevada
12-11-2015-1447337439
thylane blondeau01
28-09-2018-1538200688
Наш Instagram дом
Instagram post 2192796680142185255_8670385643 Две легенди со кои растевме..
Денес и пред 3 и кусур децении
Instagram post 2192765669454748840_8670385643 На времето кога кај баба ми правевме колачиња...
#среќа #спомени
Instagram post 2191622069475970989_8670385643 Традицијата содржана во народните носии на нашиот народ е временски запис за континуитетот и постоењето на Македонскиот бит.
Богатството на народниот израз е еден од најоригиналните и еден од најзначајните во овој дел од Европа.
Од памтивек, за навек.
#македонијавечна 
#МакедонскаБесмртност
Instagram post 2191270222055739918_8670385643 Добро утро горди Македонци
#ОстанетеПозитивни
Instagram post 2191030237570464115_8670385643 Куќа-работа
Работа-куќа
Instagram post 2190814134713866933_8670385643 Последниот концерт на Битлси на покрив на зграда во Лондон во 1969 година
Instagram post 2190812763889364753_8670385643 Изградбата на Ајфеловата кула во 1880 година
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.