4 члена х 100 денари дневно = 400 денари
30 дена х 400 денари =
12.000 денари основен трошок
2.000 денари струја
1.000 денари телефон
1.300 денари вода
700 денари џубре
¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯¯
17.000 денари се ова Мила Царовска без да му купиме на децата патики, фармерки, да му дадеме по 30 денари за да си купат геврече на школо, без ние возрасните да можеме да си дозволиме по едно излегување неделно популарно кажано ,,на кафе”, без месечна фамилијарна дружба во некој ресторант, без ниту една испушена цигара, испијан пијалок…а пак за фамилијарно летовање или зимовање да не правиме муабет!!!
Со 17.000 за 4 члено семејство може да се живее… со леб, маргарин и сол 30 дена, да се топлиш со кебиња, да живееш на свеќа и да збираш вода од извори а ако ти имаш некоја друга формула те молам споделија со нас, ,,неукиве” шо не знаеме дека ,,we can do it”!!!
Упорно ни ја вреѓате интелегенцијата, но нејсе, не е до Вас… до нас е 😢😢😢
#СамоНеЗнамДоКога !!!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции
JO: Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“ меѓу кои и претседателка на ДКСК
Вицепремиерот Николоски оствари средба со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Обединетото Кралство