БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Џејсон Мико: Илинден или распарчување?

Пренеси го гласот

Илинден или распарчување?
Август 3, 2019

Кејт Брнс, новоименуваната американска амбасадорка во Македонија, го даде своето прво интервју за Алсат ТВ. Да го тргнеме настрана овој намерен и јасен избор на телевизија на албански јазик, амбасадорката го почна својот прв обид да врши јавна дипломатија со стандардни и добро извежбани одговори за прашањата за тоа кои ќе бидат нејзините приоритети, при што рече дека главниот приоритет е „да ја поддржува стабилноста со градење силни институции“. Ова е се убаво и во ред, а едно нешто што е многу потребно во Македонија, за да се воспостави стабилност и безбедност во земјата и во регионот, е да се поддржи силниот македонски идентитет и идентитетот на Македонија. За жал, овој идентитет продолжува да биде под напад, меѓу другите и од амбасадата на Соединетите Американски Држави,

Една од целите на американската амбасада, и на американската надворешна политика, како и на политиката на ЕУ и на нејзиниот надворешно-политички апарат (и на НАТО), на кои јас остро се спротиставувам, е обидот да се деградира идентитетот на Македонија и на Македонците.

Независно дали го разбираат тоа или не (мислам дека го разбираат), овие страни активно работат и го поддржуваат деградирањето и уништувањето на македонскиот идентетит, при што нивниот главен придонес кон таа цел е во инсталирањето на Владата на Зоран Заев. Убаво од нивна страна ако поддржуваат „силни институции“, но потребно е западните елити да престанат веќе еднаш да се мешаат во македонскиот идентитет, бидејќи овие напади водат кон распарчување на Македонија, прво со поделби меѓу нејзините луѓе, а потоа, веројатно и со физичка поделба на земјата.

Во САД, физички распад на земјата би довел до граѓанска војна. Во Македонија, тоа ќе доведе до распарчување на земјата од страна на соседите. Кога ништо не ја држи една земја да остане цела, или кога народот е поделен околу прашањето што значи да се биде дел од земјата, тогаш, како што вели Јејтс, „нештата се распаѓаат, а центарот не може да додржи“.

И додека западните елити пасивно и активно работат да го разградат идентитетот на Македонија и на Македонците, Зоран Заев и неговата Влада се тие кои се законски виновни што дозволуваат тоа да се случи. И не само што го дозволуваат: Заев и неговата Влада се директни соучесници.

Еве три области во кои го прават тоа:

Како прво, Македонците постоеле долго време; тие не биле создаден икако народ во 1991 година, или во 1944, или 1913 или 1903 година. Македонците се многу, многу постари. Но, Зоран Заев мисли дека може да им ја продаде долгата и богата историја на Македонија на Бугарите и на Грците, што пак на нив им дава можност да тврдат дека Македонците се скорешна, прилично нова творба. Ова тврдење на Грците и на Бугарите – со кое Заев очигледно се согласува – само води кон натамошни поделби на Македонија.

Второ, Македонија си има свои херои и нема потреба да ги „споделува“ со било кој друг. Ако други сакаат да ги слават, тогаш во ред. Но Македонците треба самите да решат кои херои ќе ги слават врз основа на својата сопствена историја. Зоран Заев и неговата Влада сметаат дека македонските херои се туѓи.

Трето, наодите кои се откриваат на територијата на Македонија им припаѓаат на Македонците и се сопственост на Македонците. Тука спаѓа и Ѕвездата од Кутлеш, пронајдена на артефакти кои се буквално откопани од македонската почва. Други исто така можат да ја слават ако сакаат, но таа им припаѓа на Македонците кои немаат никаква обврска да се воздржат од нејзиното користење и смеат да ја слават. Ова води до проблемот на Заев (и на други како него) кои тврдат дека Македонија ја краде дури и архитектурата на древните империи. Би го повикал да прошета до американскиот Капитол и до другите државни објекти во Вашингтон, како и низ САД.

Многу нешта го сочинуваат македонскиот идентитет и ја прават Македонија да биде единствено место во светот. Меѓу нив се македонскиот јазик, Македонската Православна Црква, богатото културно наследство изразено во песните и музиката (како и специфичните инструменти), литературата, поезијата, танцовите, сликарството и другите уметнички форми, храната и виното, науката, архитектурата и многу други нешта. Овие се протегаат и во богатите културни традиции и обичаи благодарение на кои Македонија и Македонците се познати по нивното топло гостопримство. Да го вброиме тука и придонесот кој многумина Македонци го дале низ светот, живеејќи и работејќи во странство. И многу многу други нешта.

Сите овие карактеристики низ времето го зајакнувале и зацвснувале македонскиот идентитет и ги потсетувале Македонците на нивното богато минато, ги охрабрувале да продолжат да придонесуваат со нови светски достигнувања. Но, кога поединци, било странци како што се западните елити, или Македонци како Зоран Заев и неговата Влада, ги негираат, па и ја раздаваат македонската традиција, култура, идентитет, историја, јазик, вера и многуте други нешта што сте ги создале, тие ја распарчуваат, ја ослабнуваат Македонија. А слаба Македонија, како било која друга слаба држава, ќе биде цел за други држави.

Во текот на оваа недела Македонците во Македонија и низ светот го спомнуваат и го слават Илинденското Востание со кое Македонците се бореле за својата татковина. Борбата продолжи и кулминираше на 8 септември 1991 година, со создавањето на макеоднската држава. Но, државата сега е во опасност.

Што ќе биде? Илинден или распарчување? Изборот е твој, Македонијо.

Пишува: Џејсон Мико за Свест.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот