Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Еден лош ден е само ден, не треба да го промени вашиот поглед кон животот

Пренеси го гласот

Секогаш повторувајте си на себеси дека тоа е само лош ден, лоша недела, лош месец, но не и лош живот.

Секогаш сакаме да веруваме дека работите ќе се одвиваат најдобро, но не се чувствуваме  како некогаш. Се чувствуваме како комплициран неред и катастрофа што никогаш нема да заврши. Лесно е да го заборавите сето добро, сите работи што ги имате и да се фокусирате на она што не оди во ред. Лесно е да се запостават луѓето што се таму за вас затоа што сте фрустрирани и лути. Лесно е да сакате да се откажете и да бегате. Сето тоа е така лесно да се направи. И, ќе лажете ако не сте помислиле да резервирате авионски билет за Тајланд и да го избегнете  сè она што го чувствувате во овој момент.

Еден ден не смее да го диктира текот на вашиот живот. Дури и кога сметате дека тоа е најлошиот ден во вашиот живот досега, сепак тој е само една мала точка во целата шема на нештата кои поминале и на оние кои допрва ќе дојдат. Тоа што се случило – се случило, но и поминало. Пред вас има уште милиони други можности кои ќе се најдат на вашиот пат.

Нашиот живот не го одредуваат најголемите и најнегативните работи што ќе ни случат. И покрај тоа што мозокот на човекот работи така што се фокусира на најзначајните настани, без разлика дали тие се позитивни или негативни, понекогаш навистина е потребно да застанеме, да земеме воздух длабоко и да се обидеме да ја смениме нашата перспектива. Многу е важно кога гледате наназад, да научите како да ги препознаете вистинските „лекции“ од одредени настани кои ќе можат многу да ви помогнат во иднина. Животниот пат секако дека понекогаш ни е распослан со рози, но го забораваме фактот дека тие рози имаат и трње.

Секој ден правиме стотици избори, почнувајќи од најмалите како што ќе јадеме за доручек, какво кафе ќе се напиеме со најблиските, па сè до големите одлуки како изборот на факултет, вработување и започнување на сериозна врска… Овие одлуки се оние кои нè водат и токму во нив се наоѓа нашата вистинска моќ и слобода во изборот за тоа каков ќе ни биде животот.

Сигурно постои некое сеќавање кое отсекогаш ви било ужасно и болно, но доколку продолжите да го памтите како такво, во иднина од него нема да можете да извлечете здраво и конструктивно решение за некој друг проблем. Затоа погледнете ги овие неколку техники кои ќе ви помогнат да го смените начинот на кој размислувате за негативните спомени:

  • Потсетете се на негативниот настан кога ќе бидете во многу добро расположение. На тој начин, ова сеќавање ќе ви изгледа помалку важно и ќе се чувствувате како да има помало влијание на вашиот живот.
  • Разговарајте за негативниот настан со близок пријател. Тие често знаат да ви понудат сосема нова перспектива на вашето искуство за која никогаш досега не сте размислувале.
  • Пронајдете нешто за коешто можете да се насмеете на тој негативен настан. Додавањето на еден слој хумор е одличен начин да го промените значењето на одредено сеќавање.
  • Кога ќе се сетите на настанот, отидете на некое ново место, како на пример во парк или на плажа додека размислувате. Тоа што ќе си дозволите удобен простор во кој можете да го видите тој настан ќе ви помогне да пронајдете завршеток или нова перспектива.
  • Создадете уметничко дело или музика за настанот. Ова е многу ефективен начин за промена на тоа како вашиот мозок размислува за него. Исто така е и одличен начин да трансформирате нешто „негативно“ во нешто „позитивно“ и креативно.
  • Пробајте да ја видите „поголемата слика“ позади настанот. И не заборавајте дека вашиот живот е преполн со различни искуства и ниедно од нив само по себе не може да го дефинира.
  • Пишувајте за настанот. Прифатете го и објаснете си на себе што сте научиле од него и зошто тој ве направил подобра личност.
  • Продолжете понатаму. По некое време мора да престанете да размислувате за тоа што се случило и да се преиспитувате себеси, бидејќи на тој начин може само да го зголемите негативното влијание.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com