Нема детенце кое не ги обожава меките малечки пецива. Изненадете ги со овој вкусен рецепт кој ќе го обожаваат вашите најмили:
Потребни состојки:
- 130 грама брашно
- 150 грама путер
- 120 милилитри млеко
- 3 лажици шеќер
- 25 грама сув квасец
- Прстофат сол
- 1 жолчка
- 1 лажица млеко
Изматете го квасецот со млекото и шеќерот. Во друг сад подгответе го брашното и солта, заедно со путерот и матете сè додека не добиете цврста структура. Додајте го подготвениот квасец и направете го тестото. Замотајте го во фолија, па замрзнете го на половина час.
Измесете го тестото на површина со просеано брашно. На самиот крај развлечете го тестото во круг, направете триаголници и замотајте ги во форма на кроасани. Наредете ги на тава и оставете ги да отстојат околу 2 часа. Загрејте ја рерната на 230 степени Целзиусови.
Премачкајте ги со жолчката и печете 8 минути на 190 степени Целзиусови, а останатите 10-15 минути на 230 степени.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врвниот виолинист Емилио Перцан од Германија доаѓа да предава и музицира во Македонија затоа што ја сака земјата
Пушти го кучето нека провери…
Безвременски цитати: Емил Зола