БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Едмонд Темелко во недела ќе се натпреварува во трката за Градоначалник на Пустец

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во недела на 30-ти Јуни во Албанија се организира гласањето во трката за градоначалнички места во општините.

Еден од кандидатите за градоначалничкото место во општината Пустец е Едмонд Темелко кој до сега ја извршуваше градоначалничката функција.

Едмонд Темелко поседува покрај албанското и Македонско државјанство а во изминатиот период беше особено познат во Македонската јавност поради судскиот и обвинителски прогон како и прогонот од Македонската полиција поради процесот кој против него го покрена СЈО на Катица Јанева.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од име на нашата редакција на г-динот Едмонд Темелко му посакуваме успех на локалните избори со што би бил избран повторно за градоначалник на Пустец, за да може поуспешно да ги афирмира и унапредува правата и стандардот на Македонците во Албанија.

Во продолжение ја пренесуваме неговата политичка порака:

На 30.06.2019 сите ние да гласаме за човекот со јасна визија кој секогаш знае што е најдоброто за Преспа, Едмонд Темелко.
Гласајте за број 2 за Едмонд Темелко за градоначалник на Општина Пустец.
#ПреспаПредСе
#ЗаПодобраИднина

Креирано од:


Пренеси го гласот