БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Едукативна активност „Безбедно движење – заедничка грижа на сите!“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод Европската недела на мобилност, под мотото „Безбедно движење – заедничка грижа на сите!“, во салата на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, се одржа едукативно предавање посветено на безбедноста во сообраќајот.

Предавачи беа претставници од Полициската станица Кочани, кои пред учениците и родителите говореа за правилата и законските прописи за поголема безбедност во сообраќајот. Посебно внимание беше посветено на безбедното управување велосипеди и електрични тротинети, правилното и безбедно преминување на пешачки премин и на  важноста од одговорното однесување на сите учесници во сообраќајот.

Во активноста учествуваа ученици од прво до деветто одделение со нивните родители. Учениците, на креативен начин ги претставија опасностите и правилното однесување во сообраќајот и имаа можност отворено да ги споделат проблемите со кои секојдневно се соочуваат како пешаци и велосипедисти.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Настанот е дел од низата едукативни и превентивни активности што ги спроведуваат Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Полициската станица Кочани и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Креирано од:


Пренеси го гласот