Што би направиле и како би реагирале врвните ISP компании во светки рамки на еден ваков проект?
Овој проект е нешто за кое компаниите кои снабдуваат интернет на глобално ниво се уште мудро молчат, надевајќи се дека истиот ќе пропадне и тие ќе продолжат да го работат она што најдобро го прават: Да собираат пари од нивните корисници доставувајќи мизерни брзини на интернет податоци.
Планот на Елон Маск е со шестгодишен рок, со кој планира да собере финансии за да може да лансира над 4000 сателити во орбита на земјата преку кои ќе може да упати сигнал со брзина од 1 ГигаБајт во секунда до секој корисник на земјината топка каде тој и да се наоѓа.
Тоа е навистина импресивен број на сателити во земјината топка кои Елон Маск не планира да ги лансира еден по еден, со што би вршел тестирање како тоа би се одразило на условите за живот на земјата, туку сите одеднаш.
Многу експерти стравуваат дека ваквата постапка би имало катастрофално влијание како за електронските уреди на аеронаутичката и транспортна индустрија така и за електромагнетното поле и метеоролошките услови на самата ппланета.
Овој проект се предвидува дека ќе чини над 10 милијарди долари, што се пари кои што дури и самиот Елон Маск не ги поседува. Затоа е планирано парите да бидат прибрани од разно-разни корпорации кои би изразиле подготвеност да се вклучат во овој проект. Компанијата Гугл е подготвена да инвестира 1 милијарда долари за да се отпочне со овој проект.
Компанијата фејсбук пред извесен период се обиде да реализира сличен ваков проект, но нивниот обид заврши катастрофално лошо и со експлозија.
Затоа сега Компанијата Спејс Екс на Елон Маск ќе продолжи онаму каде застанаа неговите претходници во овој проект.
Погледне повеќе детали за овој амбициозен проект во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Медицинското значење на страдањето на Исус Христос
Шарпланинците го имаат тој балкански карактер на блискост, емотивен темперамент и лојалност кон сопствениците
Си замина некогашниот Бетмен, Џим Морисон, Том Казански, Док Холидеј, Медмардиган…