Пратениците на СДСМ се спротивставија на Декларацијата за Гоце Делчев која што ја поднесоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како дел од активностите за одбележување на 150 годишнината од раѓањето на апостолот на Македонското револуционерно движење.
Пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска во одговор на новинарско прашање што им пречи во Декларацијата рече:
“Ни пречи што со деkларацијата сакаме да се враќаме назад она што веќе ние за Гоце го имаме во нашата химна во именувањето на улици во именувањето на училишта, во празнувањето на Гоце Делчев и почитта кон него навистина значи враќање назад а не пред со таа декларација.”
Покрај пратениците на СДСМ и пратениците на ДУИ денес гласаа против Декларацијата за Гоце Делчев на собраниската комисија за надворешни работи.
Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека не е исклучена можноста за тргување со македонската историја.
-Не е исклучено токму дел од договорот да биде и тргувањето со македонската национална историја, вклучително и на оние великани коишто се основоположници на државата Република Македонија, рече Милошоски.
Во продолжение текстот на декларацијата:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!