БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Еве што се случуваше сношти во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево [видео]

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во првиот круг на претседателските избори во Делчево убедлива победа извојува кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” Проф. Гордана Сиљановска Давкова над останатите кандидати.

Со 3547 или 47,2% од вкупниот број на гласови кандидатката на опозицијата издоминира на изборите во Делчево пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски кој освои 2.766  или 36,81% од гласовите. Победа извојува тимот на Гордана Силјановска Давкова на најголем број од избирачките места како во градот Делчево така и во селските средини.

Трет на листата на освоени гласови е кандидатот на движењето ЗНАМ Максим Димитриевски со освоени 634 гласови или 8.44% од гласовите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Додека штабот на СДСМ во Делчево ги изгасна сијалиците многу бргу по 19.00 часот откако почнаа да пристигаат првите резултати од избирачките места, во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево доцна во ноќта се славеше победата на овие прв круг од претседателските избори.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace