Претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат Билјана Ванковска по завршувањето на првиот круг од Претседателските избори имаа своја прес конференција на која и двајцата ги искажаа своите впечатоци од изборниот процес како и плановите во иднина.
За Димитар Апасиев првите претседателски избори на кои настапила Левица со свој кандидат изборите ги изработиле машки при што партијата ги собрала во рекорден временски рок потписите за кандидатурата на Ванковска а партијата понудила сосема различна стратегија. Според Апасиев резултатот од изборите е тој што е и не може да се промени а партијата продолжува понатаму на долг рок да ги остварува своите политички цели. Левица според Апасиев е единствена партија што покажува раст во бројот на гласови во споредба со сите други политички фактори.
За Билјана Ванковска бројот на освоени гласови е успех за нејзе за што се заблагодари на ПП Левица и на сите кои што го дале гласот за нејзината кандидатура.
Целата прес конференција на Димитар Апасиев со подолгото обраќање на Проф Билјана Ванковска може да го погледнете во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Монструм од Ново Село ја врзал својата 11 годишна ќерка која плаче и моли пред камера