🇲🇰 6 години НАТО! Потврда на државничките политики на СДСМ! 🇲🇰
Пред точно 6 години, на денешен ден во 2020 година, Македонија стана 30-та членка на НАТО Алијансата — историски момент, исполнет национален интерес и голем државен успех!
Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и за сите наши граѓани. Така се работи за татковината кога постои желба, волја, одговорност и сериозност.
Во време на глобални безбедносни ризици и воени конфликти, уште појасно се гледа колку оваа одлука била значајна.
Денеска, зад безбедноста на Македонија стои најмоќниот сојуз во светот — НАТО!
Сите ние сме особено горди на овој национален и државнички успех.
-фејсбук статус на Претседателот на СДСМ Венко Филипче


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта
Нова ера во работата на Македонски пошти