Еден од најновите Македонски играни филмови “НАЈГОЛЕМАТА ВИСТИНА” ќе се прикажува во кино салата во Домот на културата во Македонска Каменица
Филмот доаѓа и во Македонска Каменица во два термина и тоа во петок 15 април од 19 часот премиерно и сабота 16 април од 20 часот.
Влезот за кiнопроекцијата на филмнот е 100 денари.
“Најголемата вистина” е во режија на режисерот Мартин Цветковски а улоги ги толкуваат Мартин Цветковски, Иван Левковски, Диана Таири, Катерина Илиевска.
жанр: Криминалистички, драма, мистерија, трилер.
Краток вовед во филмот:
-Сериски убиец треба да има најмалку 3 жртви. Зошто има само 2? Или можеби има повеќе?
Дали се работи за сериски убиец или е нешто многу поголемо?
Ќе успее ли Максим во истрагата во која очигледно е замешан некој од полицијата?
Дали се работи за одмазда кон Максим, или Фросина Крстева е случајна мета на убиецот?
Дали мафијата е поврзана или некој намерно ја вметнува за да го спречи Максим во истрагата?
Сите се сомнителни, некои се осомничени, а само еден е убиец. Или можеби не е еден убиец?
Многу напнатост, адреналин, драма, акција и неизвесност до конечниот одговор на прашањето: „Кој и зошто ја уби Фросина, првата жртва”?
Или можеби… Не е прва?
*Филмот не се препорачува за лица под 16 години, потребен е надзор од родител или старател


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Работилница за експериментална фотографска техника- Морденсанж
Морничавата приказна зад фотографијата „4 деца на продажба“ — 1948 година
OI-Панк-Рок бендот “Последен удар” со нов сингл го најавија снимањето на новиот албум