Скопскиот панк рок бенд “Последен удар” преку социјалните мрежи со објава на нова песна го најавија снимањето на нивниот следен музички албум.
“Твојот свет” е најава за третото албумско издание на бендот кој што по нивното истоимено EP издание и двата албуми “Ние не сме како вас” и “Сега и засекогаш” се очекува да излезе многу наскоро.
Албумот се знае дека ќе се снима во скопското музичко студио Knobs Keys’n’Stuff.
Судејки по лириката и музиката на оваа најнова песна од “Последен удар” забележливи се музикиот раст од претходните изданија и вокалната жестина која е препознатлива за бендот така што публиката може да очекува достојно продолжение на нивната воспоставена приказна во нивната досегашна кариера.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените