Евро амбасадорот на Европската унија во Македонија Миџкалис Рохас пред неколку денови во седиштето на Европската Унија во Сккопје организираше состанок со невладини организации од Македонија со цел запознавање со Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија и процесот на проширувањето на ЕУ.
“Амбасадорот на ЕУ и колегите од Делегацијата на ЕУ денес се сретнаа со претставници на граѓанското општество во Скопје за да го презентираат Извештајот за проширување за 2025 година и неговите клучни наоди за Северна Македонија.
Средбата беше можност за размена на мислења за напредокот на земјата и преостанатите предизвици на нејзиниот пат кон ЕУ. Дискусиите се фокусираа на реформите во судството, зајакнувањето на владеењето на правото и унапредувањето на борбата против корупцијата – области кои остануваат од суштинско значење за градење доверба и обезбедување трајни промени.”
-напишаа од Делегацијата на ЕУ во Македонија

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово