БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот Гоцевски ги повика граѓаните на Делчево да го креираат новиот Буџет на општината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Врз основа на програмските определби на Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски ги повика граѓаните на општината за учество во Буџетските форуми кои што го спроведува општина Делчево за креирање на годишниот Буџет за работата за 2026 година.

Едно од најважните предизборни ветувања на Градоначалникот Гоцевски беше враќањето на довербата на граѓаните во институциите на локалната самоуправа, а донесувањето на Буџетот за работа на општина Делчево е процес преку кој што во голема мера ваквата намера практично може да се ефектуира, преку директното учество на граѓаните во распределбата на јавните буџетски сретства од страна на општината.

“Општина Делчево ве кани на Првата форумска сесија за креирање на Буџетот за 2026 г. која ќе се одржи на 13.11.2025 (четврток) во мултифункционлниот центар во Спомен- дом АСНОМ, со почеток во 12.00 часот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вашето учество на Буџетскиот форум е од исклучително значење, бидејќи вие како активни чинители во нашата Oпштина, треба и активно да придонесете во креирањето на Буџетот на Општина Делчево.

На форумската сесија ќе можете да се запознаете и да дискутирате за реализацијата на Буџетот на Општина Делчево за тековната 2025, но и да давате предлози за планирање на Буџетот за следната, 2026 година.

 Воедно, ќе имате можност да предлагате, да дискутирате и да одлучувате кои се вашите приоритети за решавање во 2026 година со што директно учествувате во креирањето на Буџетот на Општина Делчево за наредната година со што ќе придонесете за  подобар развој на Општината.

Како одговорен градоначалник и одговорна Општина, ние го слушаме вашиот глас и постапуваме за да ги реализираме вашите приоритети.

Нашата цел е единствена-задоволни граѓани во урбана и модерна општина.

ДНЕВЕН РЕД ЗА ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА

13.11.2025 (четврток)

12:00-12:15 Добредојде на присутните и вовед во програмата

12:15-12:25 Воведно обраќање од Градоначалникот Иван Гоцевски

12:25-12:45 Презентација на буџетскиот форумски процес

12:45-13:10 Презентација · Процес на буџетирaње · Структура на Буџетот на Општина Делчево и преглед на реализацијата на Буџетот за 2025 (заклучно со трет квартал) и планови за 2025 година

13:10-13:30 Утврдување структура на Форумот/распределување по работни маси Утврдување начела за работа

13:30-13:45 Пауза

13:45-14:00 –  Презентација на реализација на инфраструктурните проекти за 2025 г и планирани проекти за 2026 г. на Општина Делчево

14.00- 14,15 – Приоритетите за развој на Општината за 2026 год. за програмите култура, спорт, образование и граѓански сектор ,- Презентација од Општина Делчево.

14:15- 15:00 Следни чекори (одредување на термин за следна сесија) и оценка на форумската сесија.

Со почит,

Општина Делчево
Градоначалник
Иван Гоцевски

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на градоначалникот Иван Гоцевски

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace