БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Филмот Џокер засега за две номинации за Оскар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На минатонеделните објавени номинации за Златен Глобус филмот Џокер на Хоакин Феникс и режисерот Рајан Џонсон се наѕира успехот на овој филм на претстојните награди на Академијата за филмски уметности, популарно наречени Оскар.

Академијата објави скратена верзија од листата на номинации на која Џокер е номиниран во групата на филмови за најдобра шминка и оригинална музика за филм. Само по пет филмови ќе бидат номинирани за секоја категорија кога финалните номинации ќе бидат објавени во понеделникот на 13 Јануари 2020 година. Покрај Џокер филмот на Марвел Авенџерс: Ендгејм е исто така номиниран според овие скратени верзии на номинациите во различни категории.

Новиот контраверзен филм на DC во изминатите неколку недели е номиниран за неколку големи и престижни светски награди од кои се истакнува номинацијата на “Изборот на критичарите”. Таму филмот на Рајан Џонсон е номиниран за вкупно 7 номинации, двојно повеќе од номинациите на манифестацијата “Златен Глобус”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Филмот со Хоакин Феникс во главната улога за познатиот негативен противник на Бетмен, досега инкасираше над 1 милијарда долари во целиот свет и стана 4-тиот филм на DS студијата кој што е инспириран по приказна и ликови од стрип после филмовите The Dark KnightThe Dark Knight Rises и Aquaman.

За филмот ширум светот се спојавија мислења дека може да потпали насилство и немири врз основа на трансгресијата која ја доживува главниот лик во филмот.

Џокер ќе биде издаден на 4K Ultra HD и BlueRay на 7-ми Јануари.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace