Денеска Билјана Јанева оа Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при Општинскиот комитет во Штип со своја прес конференција ја алармираше јавноста за поразителните бројки на граѓани кои живеат во сиромаштија во Република Македонија.
Голем процен од над 50% од младите се невработени и размислуваат да заминат во странство како резултат на лошите политики на актуелната власт, соопшти денеска Билјана Јанева од опозициската партија од Штип.
Во продолжение ја пренесуваме во целост нејзината прес конференција од штабот на ВМРО-ДПМНЕ:
“Податокот дека денес во државата над 500.000 граѓани, или секој четврт од нас, живее на прагот на сиромаштија, а над 50% од младите сме невработени и размислуваме за заминување од татковината е поразувачки и говори многу за политиките на оваа власт!
Иако веќе е извесен влезот на нашата држава во НАТО, сепак се‘ уште нема ништо од лажната вест дека Facebook и Google ќе инвестираат во Македонија.
Директните странски инвестиции во Штип ги нема веќе втора година. Иако градоначалникот ветуваше враќање и задржување на младите во градот, до сега нема превземено активности за реализација на истото.
Затоа, градоначалникот е должен да ни одговори на нас младите, каде се новите фабрики, инвестиции, работни места… каде да поднесеме CV за вработување?
Зошто ТИР зоната во Штип остана само со фабриките отворени во време на ВМРО – ДПМНЕ?
Зошто не се продолжи со трендот на привлекување странски инвестиции кои во Штип инвестираа 35 милиони евра и обезбедија над 2500 нови вработувања?
Не отворивте фабрики, не обезбедивте инвестиции, ја потонавте економијата, а младите бараат спас надвор од земјата!Ние младите од ВМРО-ДПМНЕ во Штип, бараме ослободување на народот и земјата од криминалната и коруптивна однародена власт!!!
Затоа што изминативе години не видовме ништо освен колабирана економија и кеш афери!”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко
Кривична пријава за жител од Македонска Каменица: Ширел расистички и ксенофобичен материјал на социјални мрежи
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари