БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Александар Тимчевски: За Светите тајни, исповедта и покајанието

Пренеси го гласот

Споменавме Свети Тајни, тие навистина се свети, човекот се спасува со нив, и треба да веруваме во тоа. Самиот Господ на исповедтта тајно присуствува.

Исповедтта е посебен дел со неа ние се очистуваме од гревови и стануваме чисти садови, но тоа е Света Тајна и треба да имаме предвид каде пристапуваме, има молитва пред исповедтта, човекот треба да знае дека треба да се подготви, да го спознае гревот, да го запише гревот на лист, и да се сети до својата 7 годишна возраст, детално што грешел. Да се покае и повеќе да не го прави гревот. И да не пристапува на причест ако претходно не се исповедал, не постел и нема благослов од духовен отец, дури и да е исповедан во зависност од тоа што грешел постои епитимија и забрана од причест, да не заборавиме каде пристапуваме, причеста е откровение, преку кое Бог постојано ни се открива, Стар Завет, Нов Завет и на крај евхаристијата. Но убаво што спомнав завет тоа значи дека ние сме постојано со него во завет, Авраам пророците, па Христос и сега црквата, и неможеме да го излажеме, и затоа да внимаваме каде и со каква совест пристапуваме.

Покајанието е согледување на гревот, оплакување и тврда намера да не се повтори гревот,плачот пак е плачење со срцето за сторените гревови од својата младост па се до денес.

Треба да читаме молитви наутро и навечер. Многу е тешко малку ако почнеме да живееме христијански, потонати сме во грев, од секоја страна, верувајте тие што живеат малку од малку некој духовен живот знаат дека во првиот момент ако направиш добро од сите страни има удари, мора многу да се бориме, овој свет е потонат во грев, на секоја страна разврат, блуд од мали нозе, цивилизација, брза информација таа ни го мати умот, искушенија насекаде…

Тешко време уште потешко ќе биде.

Пишува: Александар Тимчевски

Останати пишувања од авторот:

https://bregalnicki.mk/aleksandar-timchevski-poka-anie/
https://bregalnicki.mk/aleksandar-timchevski-potrebnoto-za-ispovedta-i-poka-anieto/
https://bregalnicki.mk/aleksandar-timchevski-sostav-za-duhovnite-otci/

Креирано од:


Пренеси го гласот