На секој човек во животот му се нудат различни патишта. Генерално, сите патишта може да се категоризираат како крајно лево, крајно десно и она што нашиот народ го нарекува Царски пат – средина, ниту многу десно, ниту многу лево.
Кога говориме за крајно десно, предвид ги имаме оние верници во Црквата, кои од голема ревност забораваат дека живееме во свет кој е потонат во грев. Тие, притоа не гледаат на околностите, и заслепени од гордоста ги осудуваат другите околу себе, често расправајќи се со нив. Но, треба да погледнеме наоколу, да се смириме и полека да се бориме. Светот е полн со интриги и соблазни, затоа треба да сме внимателни. Сите оние кои сакаат да ревнуваат за верата и кои сакаат еден посовршен живот, треба да знаат дека има многу начини каде можат целосно да му се предадат на Бога, и под духовно раководство да напредуваат во љубовта и да се подвизуваат. Зашто не може да живееш во светот и да ги уживаш сите удобности на световниот живот, а од друга страна да бараш од луѓето да живеат како во манастир.
Кога говориме за крајно лево, мислиме на оние браќа кои целосно се опуштиле во светот, заборавиле на стравот Божји и станале млаки во верата. Тие под плаштот на љубовта, заборавиле за заветите при крштението. Богослужбите за нив се обврска, а постот непотребен остаток од минатото.
Христијаните мирјани, треба да знаат да направат разлика и да зачекорат по Царскиот пат, кој води кон вечноста. Тој пат, е балансот меѓу крајното лево и крајното десно.
Господ, да ни го благослови патот на животот!
Пишува: Александар Тимчевски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор