Генерелниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во јавноста упати свој личен повик до сите граѓани на Република Македонија да се приклучат на “Обновата за Македонија” со повикот:
Вие сте Македонија.
Притоа ги покани сите граѓани кои се во можност да присуствуваат на Собирот кој што ќе се одржи во спортската сала Јане Сандански во Скопје во сабота на 21.12.с019 година со почеток во 14.00 часот со пораката со следната порака:
ОБНОВАТА ДОАЃА! Да ги кажеме нашите ВРЕДНОСТИ и ВИЗИЈА! Затоа што ја сакаме Македонија, затоа што веруваме и се бориме за заедничката иднина!
во продолжение во целост го пренесуваме обраќањето на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев:
“Уште 17 дена Зоран Заев е премиер, и никогаш повеќе. Завршува тажна и мачна епизода која ја преживува Република Македонија, од која мораме да извлечеме поуки и да станеме посилни.
И ова што сега го констатирам е заклучок од “Разговорите за Обнова на Македонија”, акција преку која поминавме низ секој град во земјава, дискутиравме за проблемите и баравме решенија. Овој напатен народ не е прашан, ниту слушнат од Власта, а проблеми има премногу.
Македонија стана држава во која владеат измами и рекети, се газат принципите, поразите како нација ни станаа секојдневие, а неправдата и криминалот силно ја гушат секоја пора преостаната слобода. Премногу млади и добри луѓе ни ја напуштаат државата поради лошиот живот, а се покажа дека проблемите не познаваат ниту вера или нација, тие се заеднички.
Но, затоа и нашата грижа е заедничка, Македонија има надеж.
ВМРО-ДПМНЕ цврсто верува дека заедно, еден до друг, сложно ќе донесеме Правда, Победа, Промени, Принципи, а сето ова ќе значи Обнова на Македонија.
Ве поканувам во Сабота, на 21 декември, со почеток во 14:00 часот, во салата Јане Сандански на Собир со една порака: ОБНОВАТА ДОАЃА! Да ги кажеме нашите ВРЕДНОСТИ и ВИЗИЈА! Затоа што ја сакаме Македонија, затоа што веруваме и се бориме за заедничката иднина. И затоа што ќе победиме заедно!”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор