БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Форум театар за борба против меѓуврсничкото насилство во училишта во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Насилството помеѓу учениците , посебно врсниците започнува уште од најрана возраст. Почнувајќи уште од градинка, па во основно училиште каде започнува и првата фаза на пубертетот и сето тоа трае и продолжува. Најважно е навременото препознавање на ваквите проблеми од родителите и од наставниците во училиштата.

Учениците од ОУ “Славчо Стојменски“ преку отворен театар автентично доловија сцени од секојдневието во училишните клупи, но и надвор од училиштето. На настанот присуствуваа и родителите и наставниот кадар каде ги проследија најчестите облици на вербално и физичко насилство меѓу нив, но и посочија практични примери за преземање соодветни мерки како во семејството, така и од страна на стручниот кадар во училиштата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“ ОУ “ Славчо Стојменски“ е партнерско училиште во кампањата за врсничко насилство на првата детска амбасада “Меѓаши“ поддржано од организацијата “Save the children“, се со цел да ја подигнеме свеста за овој значаен проблем. Ги обучуваме децата за нивните детски права, но и родителите ги активираме преку најразлични активности, подготвуваме планови за итни и кризни интервенции, и веруваме дека ќе имаме уште позначајни активности во иднина“

– изјави Јана Зинговска од Детската Амбасада “Меѓаши“.

Со овој форум театар во кој се вклучени 30 ученици од ОУ “Славчо Стојменски“ чие мото е “пораките од децата да стасаат до децата“, се очекува наскоро да гостува и надвор од Виница, во градови и училишта низ Македонија .

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace