БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прилеп веќе 8 ми пат ќе биде домаќин на мајсторите по мал фудбал

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Прилеп и Локален спортски сојуз-Прилеп, се организатори на традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“, кој што годинава ќе се одржи од 7 до 25 декември.

Турнирот има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за децата со ретки болести. На турнирот учество ќе земат најмалку 32 екипи, во конкуренција на сениори, пионери (родени 2005, 2006, 2007, 2008, 2009 и помали) и ветерани (над 40 години).

Жребувањето ќе се одржи на 05.12.2018 во 18 часот во големата сала на Општина Прилеп. Наградниот фонд на турнирот ќе изнесува 330.000 денари. Котизација за екипи: За сениори: 5.000 денари; За пионери: 1.500 денари; За ветерани: 3.000 денари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со уплата на котизацијата, секоја екипа има обврска да пријави најмалку 8 играчи во пријавниот лист.

Уплата: Цел на дознака: Членарина за учество на турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“ Назив на примачот: Локален спортски сојуз- Прилеп

Сметка на примачот: 370051200218225

Банка на примачот: Еуростандард банка АД Скопје

Дополнителни информации: Локален спортски сојуз – Прилеп- тел: 076542320

Креирано од:


Пренеси го гласот