БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Туристичките потенцијали на Охрид претставени на саемот за туризам во Полска

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Охрид е дел од македонскиот тим кој учествува на 25-то издание на Меѓународниот саем за туризам што се одржува од 22-ри до 24-ти ноември во Варшава, Полска. На настанот ќе бидат промовирани туристичките содржини на нашата земја пред полскиот туристички пазар.

Туристичките потенцијали на нашава земја и Охрид како најпознат туристички центар покрај претставниците од Општина Охрид ќе ги промовираат и претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како и претставници од приватниот сектор: Ресторан Острово- Св. Наум,„MacSun-Travel“- Скопје, „Enjoy Balkans“,„SAVANA Tourist Enterprises“, „Time to Travel” и хотелот “Инекс“- Горица од Охрид.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на Туризмот ,Љупчо Јаневски на македонскиот штанд одржа состанок со То Рего Бис, кои се значајни партнери на Македонија, за зацврстување на нашата позиција на полскиот туристички пазар.

Годинава бројот на полски туристи кои ја посетиле Македонија и Охрид е поголем за 56 % со остварени ноќевања кои се во пораст за 78% за период јануари-септември 2018, споредбено со 2017 година. На Саемот за туризам во Варшава полска учествуваат 500 учесници од 50 држави ширум светов.

Креирано од:


Пренеси го гласот