БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Галерија: Целосно нов сјај на бањата Цар Цамуил во Банско, Струмица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изминатиот период со многу настојувања, поголеми инвестиции и постојан надзор на надлежните целосно беше реконструирана бањата “Цар Самуил” во Банско, Струмица. Станува збор за поголема инвестиција на Владата со која се обновени целосно сместувачките капацитети и просторииите за пружање на соодветна терапија, обезбедена е целосно нова опрема за физикална медицина и рехабилитација. Протоа екипиран е високомотивиран професионален тм со околу нешто помалку од 100-тина медицински лица и технички персонал кои се задолжени на корисниците на услугите на оваа установа да добијат услуга на највисоко светско ниво.

Оваа бања е дел од традицијата на Македонија која датира од III век чија што благодат е позната во широки европски рамки.

Во врска со реализацијата на овие значајни активности и новитети на бањата “Цар Самуил” директорот на Фондот за здравство Сашо Клекоски упати своја порака во јавноста преку која го истакнува значењето на оваа установа за нашата држава:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Огромен напредок на ЗУ „Цар Самуил“

Деновиве ја посетив бањата „Цар Самуил“ (Tsar Samuil) во Банско, Струмичко, каде е успешно завршената целосна реконструкција, кое заслужува ПРИЗНАНИЕ!

Ова е вложување што директно се чувствува кај пациентите упатени на физикална медицина и рехабилитација:

✅ Целосно обновени сместувачки и терапевтски капацитети

✅ Современа опрема за физикална медицина и рехабилитација

👥 Стручен тим од 48 здравствени работници: 7 лекари, 6 медицински сестри, 29 физиотерапевти како и 4 болничари и 2 спасувачи на базен.

➕ Дополнително, ангажирани се и консултанти од други специјалности (12), што овозможува поширок дијагностичко-консултативен опфат како ортопед, невролог, радиолог, интернист, гастроентерохепатолог и др.

Покрај здравстевите услуги кои ги обезбедува Фонд за здравствено осигурување на Македонија, во бањата се нудат и други содржини.

💧 ИЗВОРОТ „ПАРИЛО“ – СРЦЕТО НА БАЊАТА

Лековитата вода доаѓа од главниот извор Парило – веројатно најтоплиот термоминерален извор во Македонија, со температура од дури 72°С и издашност од 40 л/сек. Водата е од јувенилно потекло – извира од големи длабочини, без атмосферски влијанија, па нејзината температура и количина остануваат постојани со векови. По својот хемиски состав е натриумско-сулфатна и богата со минерали – токму тоа ѝ ги дава лековитите својства за ревматичните и сродните заболувања.

🌍 Интересен детал: при Валандовскиот земјотрес во 1931 година изворот Парило пресушил дури девет дена – водата се повлекла, а од земјата излегувала само пареа. По деветтиот ден се вратила со истата сила и топлина – потврда за неговото длабинско, тектонско потекло.

🏺 ИСТОРИЈА КОЈА ОБВРЗУВА

На само неколку чекори од современите содржини се наоѓа Римската терма – еден од најдобро зачуваните римски споменици од овој вид во Европа:

• датира од III век и сведочи дека изворите лекувале уште во античко време

• откриена е во 1978 г., при копањето на темелите токму на хотелот „Цар Самуил“

• зачуван е целиот систем на подно и ѕидно затоплување (хипокауст), а пронајдени се и монети со ликот на царот Константин

🛁 ОД РИМ ДО ОСМАНЛИИТЕ

Низ вековите истиот извор продолжил да служи: во XVIII век Османлиите го отвориле „Јени овлет“ („Нов базен“). Меѓу двете светски војни бањата била разрушена, па повторно изградена.

Денешната реконструкција е продолжение на таа непрекината традиција долга речиси две илјади години – место каде што историјата и современата медицина се спојуваат во служба на здравјето на граѓаните. 💙

🔗 Повеќе за бањата: www.carsamuil.com

🔗 За изворот Парило и Римската терма: https://mk.wikipedia.org/wiki/Бања_Банско

#ФЗО#ЦарСамуил#БањаБанско#Струмица#ФизикалнаМедицина#Рехабилитација#РимскаТерма#Парило#Здравство“

-напиша на социјалните мрежи директорот Сашо Клекоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот