Нашиот Сандансkи
НА КЛЕВЕТНИЦИТЕ ОД РАДИО-СОФИЈА
Минува разлистен април, наметнал облека цветна,
ставата негова красна – тоа е нашето поле;
минува мирисен април, лазурот небесен светнал,
расцветан, насмевнат тој е, во мојот поглед волен.
Денеска радосен порој јури низ срцево мое,
дишам јас безмерно, мошно, в градиве пролет
се шири;
денеска в спомен ми расне светлото име твое
денеска в спомен ми расне април и личен Пирин.
За тебе песнава гласи; знам јас, просторот мал е
но широк имаме простор: – целата слободна страна
целиот народ те носи наедно срце со Гоце,
нашиот народ го сака Сандански – верниот бранач.
Земјата твоја е ширна. Земјата твоја е тоа,
народот в борбите роден, заветот твој го знае,
името твое е кај нас символ на животот среќен,
името твое е кај нас жив дел од денот сјаен.
В песнава несакам појке за тебе Јане да пишам
нашиот живот е сведок како те сакаме ние,
в песнава сакам јас машки подлеци срамни да стишам
онака гневно и тврдо, ко ти што такви си биел.
клевети смешни и груби виреат в устите туѓи
родот наш книжно бил створен, јазик сме немале
мајчин. Старите песни се тоа, песни на нашите врагој,
рубата нивна е денес скроена на друг начин.
Онака гневно и смело, ти. ко што такви си ринел
онака својски и мошно, со мојот роден јазик
одвраќам: пцетата лајат, керванот сигурно мине,
одвраќам: лагите плитки, народот наш ќе ги згази.
Сандански- синот на Пирин, синот на нашата страна
дел е од животот суров, дел е од нашата сила;
го носи в срцето свое народот слободен станат
што цени слобода златна, што љуби земја мила
Гане ТОДОРОВСКИ
Псната е дел од изданието Македонска лирика издадено од страна на Уредот за информации при Владата на Народна Република Македонија во 1950 година

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делчевчани знаат кои се и што сакаат: “Македонијо во срце те носиме” силно одекна покрај Брегалница под вечниот Голак!
Си замина македонскиот мајстор на карикатурата: Јордан Поп Илиев (1940-2025)
На денешен ден згасна животот на Методија Андонов Ченто. Неговите заслуги за Македонија се светол патоказ за сегашните и идни генерации