Околу 200 учесници од различни возрасти, професии, институции и граѓански здруженија се вклучија вонајголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд во Кочани.
Годинава акцијата во Кочани ја координираа физички лица, поединци кои упатија апел за поголема грижа за јавната хигиена и за селектирањето на отпадот во секојдневното живеење.
Поддршка на акцијата даде и в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, кој истакна дека минатите две седмици комуналните служби направија силни напори Кочани полека да ја доведе на повисоко ниво чистотата на јавните површини.
Собраниот отпад во акцијата Генералка викенд ќе се мери, ќе се рециклира, а дел ќе се транспортира на Градската депонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг