БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Горанчо Тодоровски: Почитувани делчевчани ослободете се од уцените, заканите и лажните ветувања и сите заедно со Вашите идеи и предлози да ја започнеме обновата на Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Горанчо Тодоровски на денешната прес конференција од партиското седиште ги повика граѓаните на Делчево да земат свое учество на настанот на кој ќе биде можност на секој поединец да ги изнесе своите идеи и предлози како и лични сугестии во врска со идниот развој на општината Делчево и Република Македонија.

Настанот кој се реализира во рамки на кампањата за “Обнова на Македонија” е наменет за сите граѓани на општината на кои им е преку глава од актуелните штетни политики на власта и граѓани кои сметаат дека Делчево има право на своја светла иднина.

За присуство на настанот е најавено присуство на претставници на највисокото партиско раководство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводени од Генералниот декретар на партијата Игор Јанушев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Претседателот Горанчо Тодоровски:

Почитувани сограѓани,

После три години од превземањето на централната, и две години од превземањето на локалната власт од страна на СДСМ, нашиот град Делчево и нашата држава Република Македонија, тонат во очај, безидејност и сиромаштија. Се помалку насмевки, се помалку народ, се помалку живот.

Време е народот да си ја врати државата во свои раце и време е самите ние да одлучиме за нашата иднина.

На Делчево му е потребна обнова!

На Република Македонија ѝ е потребна обнова!

Обновата на Македонија започнува со секој од нас. Да застанеме обединети и сплотени како никогаш до сега.

За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ и Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, Ве поканува во сабота на 30-ти Ноември со почеток во 12.30 часот во Градскиот парк во центарот на Делчево на Разговори за Обнова на Македонија.

Ве покануваме да одвоите еден мал дел од Вашето драгоцено време и да ни се приклучите во борбата против оваа велепредавничка деструктивна власт. Приклучете ни се со разговор, со знаење и светла визија, со Вашите предлози и идеи заедно да креираме решенија кои ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори.

Почитувани сограѓани, ослободете се од егзистенционалната уцена што ја спроведува оваа ненародна наметната власт на сметка на иднината на Делчево и на нашата Македонија. Ослободете се од уцените, заканите и лажните ветувања и сите заедно со Вашите идеи и предлози да ја започнеме обновата на Македонија, за да ги направиме Делчево и Македонија поубаво место за живеење, а ние тоа го знаеме и умееме со многу труд и работа.

Затоа уште еднаш, Ве покануваме сите Вас, граѓаните на општина Делчево, претставници на граѓанските здруженија, стопанственици, секој еден од Вас да ни се приклучи во сабота во 12.30 часот и со своите идеи да биде креатор на својата иднина и иднината на нашите поколенија.

На настанот ќе присуствуваат:

  • ИГОР ЈАНУШЕВ – Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ,
  • ДИМИТАР ДИМОВСКИ – член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ,
  • НИКОЛА МИЦЕВСКИ – Координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание на РМ,
  • ИВАН ИВАНОВ – Пратеник во Собрание на РМ,
  • ТИМЧО МУЦУНСКИ – Секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ,
  • ВЛАТКО РИСТОВСКИ – Потсекретар во ИЕ 3,
  • ОРЦЕ СИМОВ

Ве очекуваме.

Ви благодарам.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace