Во текот на утрешниот ден (недела 07.04.2019 година) со почеток во 13.30 часот во градскиот парк во населбата Аеродром (кај авионот) во Скопје Професорката Гордана Силјановска заедно со професорите Мирко Манџуков, Катица Ќулавкова и македонистот Елка Улчар повикуваат на дебата за Македонскиот јазик во однос на законот за дојазичноста кој што неуставно беше донесен од Талат Џафери како и Преспанскиот договор со кој се промени името и идентитетот на Република МАкедонија и Македонскиот народ, заедно со граѓаните.
Оваа нејзина активност се реализира како дел од кампањата за Претседателските избори, на која Професорката на највисоко стручно ниво ќе дискутира за овие проблематични прашања кои ја оптоваруваат Македонската јавност.
Во продолжение ја пренесуваме нејзината објава на фејсбук во врска со настанот:
Почитувани граѓани/ки,
Ве поканувам на средба на отворено во Паркот во Аеродром со авионот каде заедно со академик Митко Манџуков, академик Катица Ќулафкова и македонистот Елка Улчар (и двете иницијаторки за мојата кандидатура за Претседателка) сакаме заедно со вас граѓаните да отвориме дебата за македонскиот јазик во светлина и на Преспанскиот договор и неговата имплементација.
Се гледаме во недела 07.04.2019 во Аеродром!
Ваша Гордана
#ПравдазаМакедонија#ТатковинатаПовикува


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина