БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Граѓаните на Македонија доведени до должничко ропство- 40% на потрошувачки кредити земени од семејства кои живеат под просекот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дополнителниот заменик министер во министерството за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска денеска на своја прес конференција упати шокантни информации поврзани со стандардот на Македонските граѓани.

Таа во своето соопштение до јавноста ги обелодени поразителните бројки на кои се темели катастрофално-лошиот стандард на населението ширум државата, поврзани со т.н. должничко ропство кое пополека се инфилтрира на голема врата во МАкедонија..

Во продолжение во целост ја пренесуваме нејзината прес конференција:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“ММФ во извештајот за Македонија констатира дека кредитирањето во секторот домаќинства континуирано расте и заклучно со 2018 е на ниво од 25% од БДП. Ранливост која е идентификувана во врска со кредитирањето на секторот домаќинства е фактот дека 40% од потрошувачките кредити ги имаат земено домаќинства, кои имаат приходи под просечната плата во Македонија.

Ова претставува ризик во однос на можностите за сервисирање на овие долгови во случај на економски шокови и ги изложува овие домаќинства на ризик од сиромаштија и „должничко ропство“.

ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО – еве до каде ги доведовте граѓаните, со сите ваши лоши политики и корупции.

Согласно кварталниот извештај (30.9.2019) за ризиците во банкарскиот систем кредитите на секторот домаќинства продолжуваат да растат и на квартална и на годишна основа, додека пак корпоративните кредити се намалуваат. Ова покажува дека целокупната економска активност во општеството забавува. Сериозно се забележува кај корпоративното кредитирање каде што имаме намалување на кредитирањето од 3,2% во третото тромесечие од 2019 година во споредба со второто тромесечие. Забавувањето на економската активност, негативно ќе придонесе во реализацијата на проектираниот раст за 2020 година.

Дополнително, на ова треба да се надоврзе зголемувањето на долгорочните кредити за сметка на намалените краткорочни кредити, во услови на намалување на инвестициите во основните средства. Ова укажува на фактот дека компаниите се борат со проблеми со ликвидноста, поточно во стопанството нема пари.

Што повеќе треба да се додаде после вакви фрапантни податоци во македонската економија? По овој извештај на ММФ,  ни доаѓа како заклучок она што цело време го потенцирам и говорам, дека граѓаните се повеќе осиромашуваат, па се приморани да земаат кредити за да преживеат, додека компаниите се помалку земаат кредити од банките, поради лошата состојба во економијата, односно мислат дека ризикот е преголем за да инвестираат.

Граѓаните ги доведовте на питачки стап. Тие заслужуваат подобар квалитет на живот. Приоритет на новата Влада, после 12-ти април, ќе биде токму промена на овие штетни политики, со цел подигнување на животниот стандард на граѓаните.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace