Во рамки на програмата за одбележување на 150 годишнината од раѓањето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со делегација од градот Скопје полоижија букет со свеж цвеќе и се поклонија пред гробот на апостолот на Македонското револуционерно движење Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.
“„Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.“, зборовите на Делчев, учителот, визионерот, апостолот на македонското револуционерно дело, еден од најистакнати македонски херои и борци за независна и слободна Македонија.
Денеска одбележуваме 150 години од раѓањето на Гоце Делчев како една од најзначајните личности во македонската историја. Во името на Градот Скопје положивме свежо цвеќе на неговото спомен почивалиште. Наша задача е да го чуваме и негуваме неговото дело, кое останува врежано во колективната меморија на македонскиот народ.”
-напиша на социјалните мрежи Данела Арсовска по тој повод.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје