БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот Грозданов на средба со Влатко Стефановски пред хуманитарниот концерт во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари средба со македонскиот гитарист со светско реноме Влатко Стефановски, кој со Јан Стефановски и со Иван Кукиќ, вчера ќе одржа хуманитарен концерт во Кочани, во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

На средбата, градоначалникот Грозданов му се заблагодари на Стефановски за неговата хуманост, поддршка и подготвеност преку музиката да даде свој придонес за Кочани.

Стефановски, кој својата рок-кариера ја започна на Гитаријадата во Кочани во 1976 година, и кој со своето творештво и со музичкиот израз со децении ја претставува македонската култура ширум светот, вечерва пред кочанската публика ќе настапи со концерт со хуманитарен карактер.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Општина Кочани изразува огромна благодарност што еден од најзначајните македонски музички уметници ја препозна важноста на хуманоста и заедништвото и својот настап го посветува на Кочани.

На средбата со Влатко Стефановски присуствуваа и гостите од Јесенице, Република Словенија, официјална делегација на 35. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

Креирано од:


Пренеси го гласот