БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО СПРЕЧИ УВОЗ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА 21,7 ТОНИ НЕБЕЗБЕДЕН ДОМАТ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот


При фитосанитарната контрола на граничниот премин Деве Баир, во текот на минатата недела, државните фитосанитарни инспектори земаа мостра од пратка со домат за лабораториско испитување на присуство на резидуи од пестициди, согласно Годишната програма за мониторинг.

По извршената лабораториска анализа на мострата со примена на акредитирани методи, утврдено е присуство на забранет пестицид во плодовите во концентрација 22 пати над границата на квантификација (LOQ).

Врз основа на лабораторискиот наод, Државниот инспекторат за земјоделство не дозволи пуштање во промет на пратката од 21,7 тони домати и донесе решение за нејзино уништување, со што е спречено потенцијално консумирање на небезбеден производ од страна на потрошувачите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Државниот инспекторат за земјоделство и во наредниов период ќе продолжи со засилените фитосанитарни контроли при увоз, врз основа на Годишната програма за мониторинг и законската регулатива од областа на фитофармацијата.
Целта на контролите е навремено откривање и спречување на внесување и пуштање во промет на производи кои не ги исполнуваат пропишаните безбедносни услови, со што се придонесува кон заштита на здравјето на потрошувачите и пласирање на безбедни земјоделски производи на пазарот.

Креирано од:


Пренеси го гласот