Градоначалникот на Општина Берово, Ѕвонко Пекевски денеска упати честитка до сите просветни работници од општината:
Ви го честитам Светскиот ден на учителот 5-ти Октомври, и Ви посакувам големи успеси и постигнувања во доменот на Вашето работење.
Професијата учител е благородна професија, која го издигнува човекот како личност со висок морален и интелектуален капацитет.
Света должност на денешниот просветен работник е да го продолжи процесот што со векови успешно се остварува, вклопен во новата технолошка ера и со тоа да ја означи перспективата на прогрес заснована на знаење, умеење и креативност.
Наставникот истовремено е и истражувач, иноватор на наставниот процес и наставните содржини и оценувач на ангажманот и знаењето на учениците.
Нема квалитетно образование без квалитетен наставен кадар.
На сите просветни работници нека Ви е честит Светскиот ден на учителот!
-соопштија од општина Берово.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември
Драма по планините во штипско: Полицијата ловела дрвократци по сценарио како за на филм
Уапсени тројца беровчани од кои еден малолетник за поседување марихуана