Како резултат на неспособноста во остварувањето на ветените и излажани проекти за граѓанитењ на општина Штип, актуелнита власт прибегнуваат кон релативизирање и се обидуваат да играат на картата на заборавот кај штипјани.
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штипна прес конференција го прозваа градоначалникот за обидот да се промовира себеси појавувајки се на отварањето на Аква паркот чија што реализација во минатото СДСМ од Штип се обидувале да ја спречат преку политички опструкции и со поднесување на кривични пријави.
Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата повторно го запраша градоначалникот до каде е реализацијата на Аква паркот во СРЦ Суитлак кој што бил ветен од страна на СДСМ за штипјани.
“Вчерашното појавување на Градоначалникот на Општина Штип на отворањето на Аква паркот, ја докажува неконтуираноста во политиките и очајот кој владее во СДС.
Скандалозна продажба, сомнителен договор, итно запирање на постапката!…ова беа жолчните изјави на советниците на СДС пред 4 години за продажбата на градскиот базен. Истите, на седница на Совет не ја поддржа изградбата на Аква паркот, дури сегашната власта поднесе кривични пријави за претходниот градоначалник. За овој проект, СДС говореше дека е „криминална инвестиција на познат бизнисмен“, за денес гордо да се промовираат на грбот на туѓиот успех.
Во контекст на овие претходни обвинувања, а денешни горди лични промоции, би сакале да ја прашаме власта, до каде е со изградбата на Аква паркот во СРЦ Суитлак?
Дали Аква паркот на познат бизнисмен, кој пред извесно време го омаловажуваа и плукаа, е достојна замена за нивното неисполнување на дадените изборни ветувања?”
-соопшти Игор Ефтимов на прес конференцијата на опозициската партија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи