БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Виница се сретна со учениците и нивните ментори кои изминатата учебна година постигнаа врвни резултати

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Виница Митко Костадиновски во текот на денешниот ден во неговиот кабинет се сретна со ученици од локалните училишта како и нивните ментори кои што изминатата учебни агодина постигнаа врвни резлутати во рами на натпреварите на државно и меѓународно ниво.

Денес имав особена чест и задоволство да се сретнам со учениците и нивните ментори кои во текот на изминатата учебна година постигнаа врвни резултати на државните и меѓународните натпревари.

Особено радува фактот што од година во година бројот на наградени ученици континуирано расте, што е доказ за нивната посветеност, знаење и желба за успех, но и за несебичната поддршка и работа на нивните ментори.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како Општина Виница, продолжуваме да вложуваме во младите и да го вреднуваме нивниот труд. Токму затоа, од оваа година значително ја зголемивме финансиската поддршка за наградените ученици и ментори. За освоено прво место на државен натпревар доделивме ваучери во вредност од 5.000 денари, за второ место 4.000 денари, а за трето место 3.000 денари.

На сите ученици и нивните ментори им упатувам искрени честитки за постигнатите успеси и им посакувам уште многу нови достигнувања. Општина Виница и понатаму ќе биде нивен партнер и поддржувач, препознавајќи го и вреднувајќи го секој успех што достојно ја претставува нашата општина.

Честитки за сите наградени!

Креирано од:


Пренеси го гласот