По барање на жители од населбата Трајаново Трло, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов направи увид на улицата „Константин Апостолов“.
При средбата со жителите беше разговарано за актуелните проблеми и потребите за нивно надминување. Со поддршка од општинските служби, се бараа начини за поефикасно справување со нехигиената, за соодветно индивидуално одлагање на отпадот и за можностите за негово почесто собирање од страна на КЈП „Водовод“.
Жителите беа опоменати за честите палења на отпад коишто се случуваат на оваа локација и за последиците по безбедноста на граѓаните и животната средина.На средбата со градоначалникот и стручните служби беа разгледани и можностите за подобрување на патната инфраструктура во овој дел на Кочани. Со оглед дека станува збор за крај на календарската година, за наредната 2026 година ќе се направат предмер-пресметки со цел да се подобри актуелната состојба во овој дел на Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево
Општина Кочани го објави конкурсот за студентски стипендии за 2025/26 година