БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гран при за оркестарот „Солисти на ФМУ“ и проф. м-р Сашо Татарчевски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Студентите членови на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ под раководство на проф. м-р Сашо Татарчевски освоија златна диплома со 98 поени во натпреварувачката категорија, како и награда Гран при на фестивалот „Братислава спринг фестивал“, кој традиционално се одржува во последната третина од месецот март во Братислава, главниот град на Словачка. Ова е прво меѓународно натпреварување на овој оркестар во историјата на Факултетот за музичка уметност од Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Овој успех, како што се наведува во соопштението на Факултетот, е постигнат благодарение на поддршката од Министерството за култура и туризам, како и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, и е јасен показател за тоа колку е важно да се поддржат оние индивидуи и колективи што на таквата поддршка постојано возвраќаат со врвни достигнувања.

Извор: Министерство за култура и туризам

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот