Кандидатот за градоначалник на општина Берово Петар Руѓински од редовите на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи во рами на неговата предизборна кампања денеска афирмираше еден од позначајните проекти за наредниот 4 годишен мандат.
Станува збор за имплементација на повеќе мерки и активности од социјалната сфера кои што се однесуваат за грижата на повозрасните беровчани.
Со почит кон нашите највозрасни! ![]()
![]()
![]()
Во ова видео, го претставувам нашиот проект за вонинституционална грижа – систем за помош и нега во домот за повозрасните лица.
Преку мобилни тимови, ќе им овозможиме на нашите родители, баби и дедовци да добијат достоинствена грижа таму каде што најмногу сакаат – во својот дом. ![]()
Погледнете го видеото!
Заокружете 9 за хумана општина!
#ЗаТвојатаИднина#ТвоетоМесто#ВистинскиотИзбор#ГрижаЗаСите
-напиша на социјалните мрежи Петар Ружински од ВМРО-ДПМНЕ во прилог на неговото видео обраќање во врска со овој проект.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани
36 годишен жител на делчевското селo Габрово го нарушувал јавниот ред и мир во кафеана а потоа физички нападнал полицаец
29 годишен жител од Кочани физички ја нападнат неговата сопруга