БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гробот на Ајрин Флоренс Форд- Тажна приказна за грижата на една мајка за својата почината ќерка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Мајката на Флоренс изградила скалила до ковчегот на нејзината ќерка за да може да ја теши за време на временски бури.

Откако Ајрин Флоренс Форд починала на 10 годишна возраст, нејзината мајка побарала нешто сосема чудно и невообичаено… посмртниот ковчег на нејзината ќерка да бида поставен покрај прозорец во нејзиниот гроб, а до прозорецот да водат скалила 6 стапки под земјата.

За време на нејзиниот краток живот Флоренс која што била родена на 3 септември 1861 година, се плашела од временски бури и невреме. Секогаш кога се случувало невреме Флоренс бегала во спалната соба кај својата мајка Елен, која што трпеливо ја тешела додека не помине невремето.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во 1871 година на 10 годишна возраст Флоренс починала од треска од жолтица. Нејзината мајка, не можела да се носи со помислата дека нејзината ќерка ќе биде погребана под отворено небо оставена сама на секакво невреме од кое толку многу се плашела, сакајќи да ја теши додека почивала во гробот.

Така Елен поставила мал прозорец покрај посмртниот ковчег на главата на нејзината почината ќерка и мали скалила кои водат до прозорецот кој гледал кон нејзиниот ковчег. Над скалилата покрај гробот на својата ќерка, Елен поставила метални врати кои се затварале за да не попречуваат додека ја и’ чита книга или пее на својата ќерка додека траело невремето.

Од тогаш надгробниот споменик на Флоренс не бил воопшто променет покрај кој и ден денес стојат металните врати кои ги кријат тесните скалила кои водат до ковчегот на Флоренс. Старите гробишта со бели надгробни споменици распослани покрај реката Мисисипи, кои датираат од тоа време, ден денeс се место на смраморена тишина. Покрај статуите на ангели и разно разни облици на споменични обележја стои гробот на Ајрин Флоренс Форд, која што и ден денес доаѓаат непознати луѓе да ја тешат додека има невреме над нејзиниот вечен дом

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace